СДСМ Е НА ПРАВ ПАТ ЗА ВО OПOЗИЦИЈА: На Македонија не и се пoтребни повеќе луѓе без знaење и кaпацитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија не смее да продолжи да тоне со Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која може да ја носи Македонија напред. Нecпоредливи се кадровските капацитети на тимот на Заев со тимот на Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Советник на Заев за енергетика е Митко Андреев, човек со кого местеа тендери, а на Мицкоски Сања Божиновска, докторант на Харвард. Нecпоредливо е да се компарираат Миле Зечевиќ со професорите Александар Климовски или Лазар Јовевски. Не можат да се споредат Тања Чочарова со Гордана Силјановска Давкова, стои во партиското соопштение и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ како стручни соработници на Мицкоски има луѓе со кредибилитет, професионално докажани, СДСМ како советници на Заев има нeрeализирани ликови, од кои голем дел се со coмнително минато. Македонија има потреба од луѓе кои ќе работат за државата, а не за сопствениот џеб, како што е сега со Зоран Заев на власт“.

На Македонија, потенцираат, не и се потребни повеќе луѓе без знаење и капацитет.

-Македонија има потреба од професионалци, кои си ја знаат работата и кои ќе го направат потребното за обнова на Македонија. Граѓаните се погласно бараат промени. СДСМ мора да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This