СДСМ ИМАА СПРЕМНО СЦЕНАРИО: Нелегитимна е секоја одлука донесена по завршување на седницата во 18.00 часот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изразувам големо жалење за она што се случи во четвртокот после завршувањето на седницата, во тој момент јас бев во мојот кабинет и во тие два часа имаше страшно големи случувања и во мојот кабинет и нормално во салата 34 која е прес центарот, но морам да кажам дека најголемите случувања се одвиваа пред мојот кабинет и пред салата 34, вели Трајко Вељаноски, за вестите на телевизија Сител.

traajko

-Министерството за внатрешни работи е одговорно во однос на обезбедувањето на Собранието и тие можат потполно да одговорат на сите прашања и жалам за тоа што се случи и веројатно имало големи пропусти и затоа жалам за тоа. Тој ден јас претчувствував дека одредени работи ќе се случат, поготово што господинот Зоран Заев зема процедурално и го искажа ставот на својата партија, за жал тој искажа многу лоши зборови и закани дека претседателот тој ден мора да го изберат без разлика дали на скали, во салата, правен факултет, надвор, или пак на МАНУ да изберат претседател, но јас мислев дека сепак ќе преовладува разумот бидејќи пратениците после тоа упатија голем број на молби и од моја страна исто така беше испратено молба дека ние работиме за интересите на граѓаните и не очекував тоа да го направат, рече Вељаноски.

Тој вели дека тие имале смислено сценарио и дека не очекувал тоа да го направат.

-Јас не очекував дека тоа ќе го направат, тие имаа смислено сценарио, од 31 пратеник од СДСМ јас им го одобрив да работи Собранието и во петок, но тие имаа смислено и подготвено сите документи кои не ги направија согласно деловникот, седницата се заврши во 18 часот и јас закажав за следниот ден во 11 часот, истакна Вељаноски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This