April 19, 2024, 11:39 am

СДСМ има очаен рејтинг меѓу иселениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Павле Саздов  е убеден дека иселениците ќе го препознаат моментот, сериозноста на кризата и можните следни тешкотии со кои може да се соочиме и дека масовно ќе се регистрираат и ќе гласаат на овие избори за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

pavle-sazdov-1-1

СДСМ знае дека нема поддршка во дијаспората и затоа е повикот на СДСМ за пријавување на иселениците за набљудувачи на изборите.

Повикот на Заев е очекуван имајќи предвид дека партијата СДСМ нема свои задгранични комитети, нема партиска структура надвор од Македонија и во минатото едвај наоѓаше иселеници што ќе се нафатат да бидат нејзини кандидати, а уште потешко да најде луѓе кои би биле нејзини овластени партиски набљудувачи.

Ова за Телеграф.мк го вели Павле Саздов, досегашен пратеник на дијаспората од САД и Канада. Тој нагласува дека потегот на Заев говори за неговиот очајнички рејтинг меѓу иселениците.

anketna-komisija-sednica-09-12-23

Повикот на Заев е очекуван имајќи предвид дека СДСМ нема свои задгранични комитети, нема партиска структура надвор од Македонија и во минатото едвај наоѓаше иселеници што ќе се нафатат да бидат нејзини кандидати, а уште потешко да најде луѓе што би биле нејзини овластени партиски набљудувачи
. Тоа само говори за неговиот очајнички рејтинг меѓу иселениците и ништо повеќе. Измените на Изборниот законик што произлегоа од Пржинскиот договор наместо да го олеснат гласањето во дијаспората, дополнително го отежнаа. Цензусот за избор на пратеник во дијаспората е прилично висок имајќи ги предвид реалната состојба и проблемите со кои се соочуваат нашите иселеници при остварувањето на правото на глас. Немањето доволно гласачки места, нивната оддалеченост, активната регистрација и слични други проблеми – нагласува Саздов.

Тој е убеден дека иселениците ќе го препознаат моментот, сериозноста на кризата и можните следни тешкотии со кои може да се соочиме и дека масовно ќе се регистрираат и ќе гласаат на овие избори за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега во сите изборните циклуси на кои иселениците имаа право на глас убедливо победуваа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, додека оние на СДСМ добиваа само по десетина гласови.

Опозицијата се жалеше на малиот број излезени гласачи и дека многу полесно се станува пратеник од дијаспората отколку во Македонија.

Токму затоа, со последните измени на Изборниот законик, пратениците од дијаспората ќе се избираат по пропорционален модел во една изборна единица. Потребниот минимум гласови за да биде избран пратеник од дијаспората е 6.400.


Тоа во превод значи дека на овие избори од дијаспората може да има максимум тројца пратеници, но може да остане и без ниту еден ако се пријават помалку гласачи од законскиот минимум.

За да го олесни пријавувањето на иселениците, ДИК воведе апликација на која иселениците по електронски пат може да се пријавуваат за гласање и досега се пријавени околу 600 гласачи. Рокот истекува на 11 ноември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This