СДСМ ИНСИСТИРА ЗА ИЗБОРИ НА 21 ЈУНИ: Другите партии подготвени да се договори подоцнежен датум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничкиот премиер и член на СДСМ, Оливер Спасовски смета дека парлементарните избори треба да се одржат за 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, нагласувајќи дека доколку имавме функционален парламент тогаш изборите можеа да се одржат тогаш кога ќе се договорат политичките партии и лидери.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, вели дека е невозможно изборите да се одржат пред 30 јули. Мицкоски предупреди дека дел од антикризните мерките од вториот и од третиот сет нема да можат да бидат реализирани доколку не биде продолжена вонредната состојба на 30 мај бидејќи потоа стапува во сила членот 8a од Изборниот законик и сите вонредни исплаќања се кривично дело.

Ако е Владата чесна во намерата и ветувањата кои се дел од вториот и од третит сет на мерки, и ако навистина сака да ги испорача тогаш избори не може да се случат шеесет дена од престанокот на воонредната состојба. Што значи ако вонредната состојба прекине на 30 мај, најкасно до 30 јули избори не може да има. Тогаш не ја говорат вистината и се лицемерни и повторно ги лажат граѓаните – изјави Мицкоски.
Во однос на раговорите за парламентарните избори, Мицкоски вели дека тие ги соопштиле датумите за кои сметаат дека се најдобри за избори и дека се подготвени за компромис.

Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа – вели лидерот на опозицијата Мицкоски.
Тој вети дека по завршување на парламентарните избори, „новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни сето она што било ветено како обврска за стопанството и граѓаните од страна на Владата на СДСМ“.

Според него, опозоциската партија има јасен пристап и стратегија како да се обнови државата после корона-кризата.

Вицепремиерот Бујар Османи, како претставник на политичката партија ДУИ, истакна дека тие биле единствени што не ја оцениле лидерската кај претседателот како неуспех и дека за нив тоа било почеток на дебатата за конзензус за изборите. Тоа го покажале со тоа што не отишле со вкалкулирана дата за изборите, бидејќи според нив, треба два фактора да се исполнат, а тоа е ниту еден процес да не го загрози здравјето на граѓаните и второ да се постигне консензус за изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This