СДСМ ИСПРАЌА СЕДУМ ЛУЃЕ ВО ЗАТВОР: Невини луѓе ќе лежат затвор поради постизборен инженеринг на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со незаконската одлука за графолошкото вештачење не само што ДИК активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ . Со одлуката да се врши графолошко вештачење ДИК изрази сомнеж дека членовите на Избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанкста по ор пат се појавила на гласање. Јавноста вчера виде присутните членови на Избирачки одбор и по идентификација и по Лична карта и по проверка со УВ ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот- посочи пред малку Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

todorov-vmro-1

-Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради тоа и заради нарушување на изборниот процес ги праќа во затвор седум членовите на Избирачки одбор, заменици членови и набљудувачи- нагласи Тодоров.

Јавноста треба да знае дека Фатиме Сулејмани не пријавила ниту дека ја изгубила ЛК ниту дека некој и ја украл а таа ЛК е заведена во избирачкиот список и многу е веројатно согласно исказите на сите членови на ИО дека таа ЛК е искористена вчера за гласање- образложи Тодоров.

-Ова е изборниот инженеринг за кој што предупредувавме како ВМРО-ДПМНЕ . Ова е сценариото за постизборен инженеринг што треба да биде реализирано по нечија наредба. ЧЛеновите на ДИК кои излегоа надвор од своите надлежноститреба да размислат дали заради вакво сценарио се подготвени да испратат во затвор седум луѓе ? Дали членовите на ДИК сваќаат што ќе им направат на членовите на семејствата на тие седуммина, дали членовите на ДИК знаат кој ја донесе Фатиме Сулејмани во Скопје до ДИК со ново АУДИ А8, и дали знаат чие е тоа АУДИ А8? Дали знаат каде е во моментов еден од синовите на Фатиме Сулејмани? Дали знаат дека е можно некој да ја злоупотребил Фатиме Сулејмани и преку валкани игри да ја вклучи во вакви незаконски игри? За се ова постои морална и материјална и кривична одговорност. Дали сте свесни што правите? Дали имате совест? Дали ќе ви биде чиста совеста само заради потребата од изборен инженеринг да испратите во затвор седум невини луѓе. Свестете се, немојте да газите по живи луѓе?- нагласи на прес конференција Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This