April 20, 2024, 10:45 am

СДСМ и ДУИ СОЗДАВААТ НОВ ПРЕСЕДАН: Предлог промените на Изборниот законик не одат во прилог на демократските процеси во Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Форумот за демократска Македонија велат дека именувањето на членовите на ДИК со просто наместо со двотретинско мнозинство, предводено од СДСМ и ДУИ е преседан и дека на овој начин се продолжува со праксата на заобиколување на демократските процеси. Тие повикуваат на зрелост, лидерство и одговорност на политичките лидери во интерес на македонските граѓани.

Фејсбук статус на ФДМ:

Форумот за демократска Македонија (ФДМ), заедница на иселеници од Република Македонија, го изразува своето незадоволство од предлог промените на Изборниот законик, кои не одат во прилог на демократските процеси во Република Македонија.

Со предлог измените во Изборниот законик со кои се предвидува именување на членовите на Државната изборна комисија со просто наместо двотретинско мнозинство, владеачкото мнозинство, предводено од СДСМ и ДУИ, создава нов преседан и се продолжува праксата на заобиколување на демократските процеси.

Опозицијата пак, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, треба да покаже конструктивност, наместо блокирање на изборот на Државната изборна комисија. Прашањата од долгорочно значење за државата и граѓаните не смее да се сведе на блокирање на клучни процеси заради теснопартиски интереси.

Менување на Изборниот закон и блокирање на институциите не се дел од позитивната листа за подготовка на фер референдум.

Во историски моменти за Македонија политичките лидери треба да покажат зрелост, лидерство и одговорност во интерес на македонските граѓани.

ФДМ очекува да се спроведе референдум за промена на името на кој сите граѓани, ќе имаат можност да учествуваат во носењето на најважната политичка одлука од осамостојувањето до денес.

Одлука не само за денешната, туку и за сите следни генерации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This