СДСМ и нивниот kpиминал ќе ги испратиме на мрачната страна на историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 вечерва од Велес порача дека 15 јули е ден кога се гласа за чесни и вредни политичари и ден кога ќе се испратат во пензија сите политичари кои спроведуваат погубни политики за Македонија.

Јанушев рече дека Зоран Заев, Љупчо Николовски и останите од СДСМ се со наведнати глави.

„А и како да не бидат кога секој нов ден има нов скандал, уплашени се од пораз. Паѓате, ВМРО-ДПМНЕ победува, а со ВМРО-ДОМНЕ победува и Република Македонија. 15 јули е финалето на една битка за враќање на државата во рацете на народот. Три години гледавме како не треба да се работи како не треба да се води држава. Затоа овие избори се многу важни и треба да го поразиме вирусот на криминал и корупција, вирус кој има име и презиме Зоран Заев“, рече Јанушев.

Јанушев кажа дека оваа власт можеше многу повеќе, укажувајќи дека видовме само повеќе криминал и корупција.

„Можеа повеќе, а покажаа дека можат само само повеќе да крадат, да рекетираат милионски суми, да крадат од тендерите за патиштата, од тендерите за здравството… Можеа и да сработат нешто за вас, за народот. арно ама ништо не направија не мрднаа со прст. Нека објават еден проект кој сами го смислаие и барем почнале да го прават. Арно ама такво нешто не постои и затоа, тоа, можеа е минато свршено време“, кажа Јанушев.

Јанушев потсети „патриотите ги осудија за тероризам, што е тоа ако не политички осудени, ние не само што бараме правдата, туку и бидете сигурни ќе донесеме правда за тие луѓе“

„Ќе направиме и многу повеќе, ќе донесеме закон за потекло на имотот политичарите, ќе се видат сите бомбона бизниси, ќе бидиме као Љупчо стана милионер преку ноќ“, кажа Јанушев најавувајќи ја програмата Проект Обнова за која рече „ја имаме најдобрата програма која треба да даде ново светло во Република Македонија“.

Тој порака дека сега е време кога треба да кажеме доста за она што не омаловажува.

„15 јули е ден кога ќе ги испратиме во пензија сите погубни политичари. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на враќање на македонското национално достоинство. ВМРО – ДПМНЕ се обврзува да овозможи повисоки плати, повисоки пензии, намалување на невработеноста, намалување на данокот, гасификација, мрежа од четири клинички центри… На овие избори е многу важно да се гласа. Исправи се Македонијо, избери Обнова, само така ќе покажеме дека Македонија е посилна од сите нив. Референдунмски ќе гласаме за реден број 14“, порача Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This