СДСМ И НИВНИТЕ СТО ЛИЦА: Плукаше и го навредуваше Курц, сега го моли за помош за референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ претходно плукаа по Курц, а сега го молат да им помогне за да успее референдумот за промена на уставното име на Република Македонија. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на покана на Зоран Заев непосредно пред референдумот треба да ја посети државата.

Посетата на австрискиот канцелар чија земја претседава со ЕУ, СДСМ ќе се обиде да ја искористи за да се изврши притисок врз политичките чинители и да се изманипулира јавноста за се постигне цензус на референдумот.

Додека сега го молат за помош, претходно за време на неговата посета во ноември 2016 година се упатуваа навреди и невкусни шеги кон Курц од страна на видни членови на СДСМ како Никола Димитров, Едмонд Адеми, Јани Макрадули, но и од сдсмовските перјаници Бранко Тричковски и Саше Ивановски.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров покрај невкусните шеги, на неговиот Фејсбук профил го обвинуваше Курц за автократ, евроскептик и противник на влезот на Македонија во ЕУ. Димитров дури и пишуваше дека се трампа демократијата за отворање на мигрантска рампа. Сега откако неговата влада го моли Австрискиот канцелар да се појави пред референдумот, се поставува прашањето дали се трампа државното име за мигрантската рампа?

Јани Макрадули го обвинуваше за мито, додека пак актуелниот министер задолжен за дијаспора, Едмон Адеми се закануваше дека Курц ќе мора да се извини пред повторно да ја посети државата.

Бранко Тричковски кој го обвинуваше Себастијан Курц за злосторничко здружување носење мигранти и како што напиша глупирање пред демократските, културните и мултикултурните традиции на Австрија.

Граѓаните се уверија дека СДСМ по секоја цена се обидува да го истурка договорот, па најмал проблем им е да си го погазат тоа што го кажале. Но, останува нејасно дали функционерите на СДСМ ќе му се извинат Австрискиот канцелар за невкусните шеги и навреди кои ги упатуваа пред нецели две години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This