СДСМ КОНТРА СЗО: Во фунцкија на избори го загрозиja здравјето на сите граѓани, експертите предупредуваат, не треба да се брза со олабавувањето на мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека земјитe кои прерано ги запреа рестрикциите за ширење на коронавирусот може да забележат „непосреден втор пик“ кај случаите на Ковид-19, дури и ако скрининзите во моментот опаѓаат во нивниот регион.

Во виртуелниот брифинг за печатот во понеделникот, д-р Мајкл Рајан од СЗО рече дека иако се регистрира намален број на случаи во многу држави, светот сè уште е „исправен среде првиот бран, на глобално ниво“.

„Кога класично зборуваме на втор бран, она што честопати мислиме е дека ќе има прв бран, болеста оди на многу ниско ниво, а потоа [се враќа назад] неколку месеци подоцна, “, вели тој во брифингот за печатот. „И тоа може да биде реалност за многу земји период од повеќе месеци.

„Но, ние треба да бидеме исто така свесни за фактот дека болеста може да се врати во секое време и да имаме нов пик“, додаде тој. „Не можеме да претпоставиме дека само затоа што болеста е на пат надолу, дека ќе продолжи да опаѓа и ние ќе добиеме неколку месеци за да се подготвиме за втор бран.

„Можеби ќе добиеме втор пик во првиот бран“.

Тој рече дека втор пик во случаи во рамките на првиот бран на пандемија е нешто што се случило порано во минатото, како на пример со пандемијата на грип од 1918 година, нарекувана шпански грип.

Македонија се соочува со токму една ваква ситуација кога забележавме намален број на случаи па поради политички причини беа олабавени мерките, а Владата на СДСМ и лидерот на партијата Зоран Заев инсистираа на брзи избори. Денес Македонија бележи 67 нови случаи на коронавирус, а вчера имаве 89 нови случаи кои се резултат на олабавените мерки во функција на брзи избори. Очигледно е дека ниту Владата, ниту СДСМ не ги следи препораките на СЗО па со своето однесување во ризик го доведе здравјето на сопствените поддржувачи, но и на сите граѓани на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This