СДСМ наместо на врата ќе ви „тропа“ на фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од СДСМ информираат дека ги откажуваат партиските активности на терен и се насочуваат кон социјалните мрежи и електронските медиуми.

-Здравјето на граѓаните е пред се. Согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен, а останатите активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми.

Како одговорна партија, активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните но и сите други субјкети да постапат во оваа насока и своето функционирање да го вршат прилагодено на максимално почитување на мерките и препораките на надлежните институции.

Сега е време, секоја индивидуа, секој субјект и политичка партија да покаже одговорност и да придонесе за заштита на јавното здравје, се вели во соопштението на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This