March 29, 2024, 12:45 am

СДСМ НЕМА ВЕЌЕ КАДЕ ДА БЕГА: Сега одлучува народот, нема повеќе изговори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу им е јасно на сите, и во Брисел и тука и на земјите членки зошто ги немаме почнато преговорите. Ние, многу добро се сеќаваме во април 2014-та година, имавме лидер на најголемата опозициска партија Зоран Заев, кој одеше секаде во Македонија и велеше јас сум идниот премиер, јас сум тој кој што ќе ја составува владата. Се буди човекот на 27 ми април и вели еве сега немаме услови, нема демократија, овие избори не ги признаваме. Поради ова влегуваме во една длабока политичка криза, рече носителот на листата на владејачката коалиција во првата ИЕ, Никола Попоски, на дебатата на Алсат телевизија.
nikola-poposki-5

-Вториот коментар се однесува на тоа зошто сега имаме предвремени избори. Од истиот ден и со секое продолжување на оваа политичка криза ВМРО-ДПМНЕ вели во ред, да го дадеме мандатот граѓаните да одлучат на избори. Ние сега не одиме на избори затоа што странците рекле така, како што сака да каже господинот Пендаровски, туку затоа што СДСМ веќе нема каде да бега, затоа што сите желби, сите предуслови кои што ги бараше за да се одлагаат изборите ги елиминиравме, рече Попоски.

Тој нагласи дека нема желба која СДСМ не ја стави на маса, почнувајќи од тоа да имаат министер за МВР, ДИК итн, а која ВМРО-ДПМНЕ не ја исполнил се со цел да ги извадат на избори

-Јас се согласувам со господинот Пендаровски дека “ние може само да гледаме и да набљудуваме“. Тоа СДСМ најдобро го прави, гледа и набљудува, не дај боже да треба да имаме некаков проблем да решаваме, недај боже да имаме некакв криза, бидејќи проверено е во пракса дека не знаат да дејствуваат и да решаваат проблеми, рече Попоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This