April 26, 2024, 11:47 am

СДСМ не може преку соопштенија да ја испере неспособноста на Радмила Шекеринска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ не може преку соопштенија да ја испере неспособноста на Радмила Шекеринска, реагираат денес од ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

-Шекеринска изврши целосна партизација на Министерството за одбрана. Ако Шекеринска кога веќе толку се грижи за стандардот на војската, нека каже зошто возилата на АРМ се оставени без масло.

Шекеринска нека одговори колку пати им паѓаше тендерот за масло за возила и зошто?

Шекеринска нека одговори на јавноста до кога македонските гардисти ќе бидат без парно греење во 21 век?

А, пуленот на Шекеринска, Драган Николиќ како државен секретар е еден од главните виновници зошто немаме воен претставник во НАТО веќе две ипол години.

Шекеринска нека смогне сили веќе еднаш и јавно да каже дали НАТО повторно им го врати претставникот во Брисел поради соработки со тајни служби од други држави?

И нека одговори дали е точно дека четири високи воени лица не го поминале тестот на НАТО?

Време е Шекеринска јавно пред граѓаните да ја признае грешката со номинацијата на највисокиот воен претставник и веднаш да поднесе оставка!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This