СДСМ НЕ ПЛАНИРАШЕ ФЕР ИЗБОРИ: СДСМ не планираа да спроведат фер и демократски избори, забележани огромни нерегуларности!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на денешниот ден на гласање беа забележани огромни нерегуларности, индиции за поткуп на гласачи, партиско агитирање, притисоци, закани и уцени од униформирани и од неуниформирани лица. Физичка пресметка, информации за организиран бугарски воз, односно ставање на однапред заокружени гласачки ливчиња, гласачки ливчиња од едни општини носени во други со цел да се извадат ливчиња од тие гласачки места и да се спроведе бугарски воз, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прес-конференцијата по завршувањето на вториот круг од локалните избори.

-Уцени врз земјоделци, вработени во државната администрација и на сето ова огромен молк од полицијата која е активен соучесник во овие фалсификувани избори. Рано изутрина беше грубо прекршен изборниот молк. Денот започна со илјадници флаери кои се дел од црната и лажна кампања на СДСМ, расфрлени по домовите во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, информациите се дека при делењето, полицијата е најверниот чувар на активистите кои ги делеле флаерите. Во Кисела Вода видовме како таткото на кандидатот за градоначалник од СДСМ јавно порачува дека сега биле власт, можеле 1.100 луѓе да избркаат од работа и тоа луѓе од Драчево доколу не гласаат врз СДСМ. Најдиректна уцена и закана, посочи Груевски.

Тој додаде дека медиумите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ од терен јавиле и за поткуп на гласачи забележан во Визбегово во Бутел, каде лично претседателот на СДСМ во Бутел делел прехрамбени намирници во насока на поткуп на гласачи.

-На медиумите се појави видео снимка од Штип со објаснување дека се врши организиран поткуп. Човек кој важи за близок дели пари што упатува дека врши поткуп на гласачи. Полицијата во текот на целиот ден не презеде ништо за расчистува на овој случај. Во текот на денешниот ден регистриран е и спречпен обид за бугарски воз во општина Чаир каде постар човек бил спречен при изнесување на гласачко ливче од изборното место. Исто така гласачко ливче од Гази Баба е пронајдено на гласачко место во Штип. Методологијата им е разработена, однапред заокружени ливчиња им се давале на поткупените гласачи кои истото ливче го ставале во гласачката кутија, а во враќале празното ливче дадено од страна на комисијата со цел истото да биде заокружено од лицата од СДС и така да продолжи кругот на фалсификатот при предавањето на празното ливче, поткупените гласачи ги добивале ветените пари, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски додаде дека во училиштето „25 Мај“ во скопски Синѓелиќ припадници на полицијата отворено агитирале да се гласа за СДСМ.

-Во Општина Македонска Каменица денес припадници на полицијата заедно со братот на кандидатот за градоначалник на СДСМ кој не е вработен во МВР, запиреле возила на патот кон селото Дурлица и ги пропуштале само оние кои изјавиле или ги препознале дека носат гласачи на СДС. Во Општина Нопваци припадници на полицијата заедно со активисти на СДСМ и директорот на битолскиот затвор вршеа притисок врз гласачи. Им велеле дека доколку не гласаат за СДСМ, цитирам „Ќе ве снајде лоша судбина“. Во Бутел, како што пренесоа медиумите, личниот телохранител на Заев заедно со припадници на полицијата вршеше притисок врз гласачите и правел тензија пред избирачкото место. Во Бутел видовме видео снимка каде советник од СДСМ, неуниформиран полицаец и активисти на СДС отворено се закануваат на граѓани со цел да не излегуваат на гласање. Групно гласање беше забележано во Сарај. Во кавадаречките села Дреново и Ваташа припадници на полицијата ги заплашувале граѓаните да не излегуваат на гласање. Во текот на денот претседателот на СДСМ во Кавадарци, пред избирачко место нападнал активист на ВМРО-ДПМНЕ кој бил набљудувач на избирачкото место. Виница денес никогаш не паметела повеќе полиција, вклучително и специјални полициски сили во полно вооружување како што тоа беше денес. Ова што се случуваше денес не не изненади затоа што целата изборна кампања беше во знакот на организирање на криминални избори, дециден е Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека СДСМ уште на почетокот на првиот круг од кампањата покажале дека не планираат да спроведат фер и демократски избори.

-СДСМ покажа дека не сака да им дозволи на граѓаните слободно да ја изразат својата волја. Меѓу двата изборни круга, полицијата го премолчи и сведоштвото на брачниот пар од Демир Капија кои беа жртва на закани со убиство од страна на активисти на СДСМ во сопствениот дом, само затоа што кај нив на гости бил кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата молчи затоа што е под директна насока на врвот на СДС. Вчера и завчера активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Чешиново, Облешево и Зрновци беа повикувани на информативни разговори во полициска станица без наведен основ, се забележа полнење на кутии со однапред заокружени ливчиња на СДС со бугарски воз, па така гласачко ливче од Карпош беше најдено во Охрид, ливче од Велес беше најдено во Струмица, од Врапчиште во Гостивар, а во Гевгелија во избирачкото место 334 во записник на крајот од гласањето беше евидентирано дека недостасува по едно гласачко ливче од листата за градоначалник и советници. Истото се случи се случи и во Русиново, беровско, додека пак во Ресен на избирачко место во градот се забележани две гласачки ливчиња со ист сериско број што укажува дека биле испечатени двојни гласачки ливчиња со цел полнење на кутиите со однапред заокружени ливчиња на СДС. По самото завршување на првиот круг од гласањ3ето видовме пукање со огнено оружје на партиски собир во Шуто Оризари, случај кој досега не е расчистен од страна на полицијата, следеше сликање на активисти на СДС со огнено оружје пред партискиот штаб во Бутел, случај за кој МВР до ден денес не се произнесе, истакна Груевски.

Потсети дека

Беше извршен напад врз претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лицето Есад Рахиќ кој по нашите информации формално треба да е се уште во куќен притвор поради случај за трговија со дрога. Но, тоа не е пречка тој крвнички да се пресметува со Јакимовски и луѓето околу него.

Медиумите објавија фотографии како се делат прехранбени намирници и во ромското маало Тризла, како се поткупуваат гласачи во неготинско, но и во други места. Во Гази Баба, во село Виниче и во селото Булачани активисти на СДС вршеа поткуп со делење на дрва за огрев, додека едно лице, познат активист на СДС од Јурумлери отворено нудело и давало поткуп кај дел од населението. Медиумите го објавија името на ова лице од Јурумлери, но ниту полицијата, ниту обвинителството досега се имаат изјаснето, ниту пак, истото го повикаа на информативен разговор. Во штипските населби Три чешми и Баби населението кажуваше дека секој ден доаѓале луѓе од СДС и нуделе пари, а тарифата се движела од 1.000 до 3.000 денари за глас за кандидат од СДС.

Пред изборите добивме информации како во скопско Тафталиџе активисти кои се претставуваат дека се од СДС и кои нудат пари за гласање на граѓани, сумите се движат од 3 до 5.000 денари во урбаните средини. Информации за директен поткуп. За Крива Паланка имаме забележано случаи на делење на зејтин и се изнесува од полициско возило, а за возврат се бара гласање за СДС. Во Крушево имаме забележано случаи каде се делат дрва за огрев, а за возврат се бара да се гласа за СДС. Во Кочани беше приведен наш кандидат за советник без било какви докази, без било какви аргументи.

Во Шуто Оризари имавме скршен череп на градоначалник и кандидат за градоначалник, а во Кичево е убиен носител на советничка листа, убиен. А на ова ако се додадат монтираните пријави против кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои се поднесуваа како од ракав за смешни и неиздржани работи со цел да се исплашат или уценат, случаите на притисок врз администрацијата, земјоделците, јасно е дека имаме целосно заробена држава. Делот од инженерингот, дел од планот за втерување страв кај народот беа и секојдневните активности на СЈО, кое беше максимално активно во текот на целата изборна кампања. Поактивно од времето до 30 јуни кога имаа законско право да се активни. Сега, иако без законски основ, иако работејќи вон закон хараа каде ќе стигнат со цел да ги заплашат пасивизираат голем дел наши членови и поддржувачи, испраќајќи порака дека ако продолжат да се активни и кон нив ќе има репресии. Особено сега, во услови кога судството е заробено, кога тие се преплашени за себе. Имаме судии кои не се подготвени да се спротивстават на било што, колку и да е тоа правично. Апсењето на Едмонд Темелко, кој ниту избега, ниту планирал бегство, иако ако сакал можел да го направи, освен што е притисок врз него, да го скршат неговиот дух и да го натераат да прифати се што ќе побараат од него е истовремено и порака до сите патриотски настроени граѓани и пред се, Македонци што ќе ги снајде ако продолжат да се борат за својата земја и ако имаат патриотски пориви. Тој беше уапсен во текот на изборната кампања. Кривичните пријави за голем број наши градоначалници и кандидати за градоначалници во текот на изборната кампања и без никаков сериозен основ поднесени беше обид, не само да се деградираат и да се оцрнат пред гласачите во очи на гласањето, туку и да се испрати порака до пошироката јавност, но пред се до нашите активисти дека е добро да се попасивни, или да се повлечат. Бидејќи ако градоначалник или кандидат за градоначалник добил кривична пријава во тек на кампањата тогаш што останува за другите кои немаат никакви функции и моќ.

Тоа беше валкана психолошка борба за втерување страв. Инаку, имавме кривични за градоначалници од типот дека не ја осигурал зградата која платената револуција ја обои, па потоа чистењето на зградата се платило од буџетот на општината, а не од осигурителната куќа. Значи, нема одговорност за оној кој незаконски оштетувал државен имот, за тоа обвинителството молчи бидејќи е заробена и под партиска капа. Но, има одговорност за градоначалникот кој не го осигурал објектот од фарбањата на платениците од т.н. Шарена револуција. Друг градоначалник доби кривична пријава дека наводно некогаш отишол на службен пат со службено возило, а заборавил сам на себе да си потпише налог за службено патување. Трет градоначалник доби кривична пријава дека наводно неговата приватна градежна фирма, подизведувач, по добиен тендер на главниот изведувач почнала малку порано да изведува со градежни работи, неколку дена пред да се потпише договорот. Можела единствено сама на себе да си направи финансиска штета доколку евентуално не се склучел договорот.

Вакви и слични се и останатите кривични пријави на десетина градоначалници од нашите редови. Важно беше да се пушти кривична пријава и да се говори за тоа, ем тие да се оцрнуваат, ем  да се втерува страв кај нашите активисти и поддржувачи, дека ова е време на кривични пријави и обвиненија, дека секој може да го снајде истата судбина ако ја налути власта со својата активност.

На овие кривични пријави на кандидатити за градоначалници во периодот кога сеуште како партија правевме селекција на кандидатите, претходеа закани дека ќе добијат кривични пријави наши потенцијални  кандидати за градоначалници, при што неколку од нив подлегнаа на заканите и не информираа дека иако првично прифатија кандидатура, потоа се откажаа откако ги посетила партиска делегација на СДСМ и ги информирала што ги чека ако се нафатат да бидат кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.На некои, следејки ги анктеите,  им отидоа и превентивно уште пред ние да им понудиме кандидатура, исто така со закани најчесто со кривични пријави и дел од нив во самиот почеток се откажаа, дел од нив кажувајки ни искрено и зошто. На нашиот коментар дека немаат ништо сторено и не треба да се плашат, одговараа: па нели гледате дека е лудо време и не треба да си виновен за да одговараш и да бидеш притворен или осуден.

Тоа е крајна злоупотреба на власта, која никогаш досега ја немало во Македонија.

Во оваа кампања, имаше систематски и организиран притисок врз голем број наши претседатели на месни комитети низ цела држава, нешто што во вториот круг зајакна, најчесто со заплашување, со уцена или друг вид на притисок, а во правец на нивно пасивизирање. Вакви притисоци и закани, се вршеа и врз многу наши влијателни активисти и членови, но и други граѓани. Ова беше осмислена, органзирана и систематска операција за нечесно добивање на изборите, со максимална употреба на полицијата, но и на другите државни институции, како инспекциски служби и слично.

Покрај заканата директно кон наши членови, и активисти, како и кон обични граѓани, и покрај користењето на полицијата во партиски цели, сосема јасно е дека во овие избори  во партиска функција, под притисок беа ставени и обвинители и судии, кои пред се заради страв за себе, изрекуваа се што се бараше од нив. И планираат и така да продолжат.

Истовремено, истата методологија на уцена, и втерување страв беше применета кон медиумите. Дел од нив потклекна на притисокот, и речиси и да не информираа во јавноста што се случува на теренот, а дел од нив кои не подлегнаа, веќе подолго време се под прогон, полициски, обвинителски и судски. И планираат така да продолжат.  Е ова е заробена држава. Тие кои бараа повеќе демократија и слобода, покажаа дека се најголемите душмани на слободата и демократијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This