СДСМ ПЛАНИРА ОТВОРАЊЕ НА УВОЗОТ НА ГМО ПРОИЗВОДИ: Директорот на АХВ смета дека ГМО храната треба да се увезува и произведува во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство во интервју за дневниот весник Вечер, вели дека Македонија треба повторно да отвори дебата за ГМО храната, затоа што, според него на човештвото му е потребно ГМО.

Директорот на АХВ вели дека не е проблем да има ГМО храна доколку на неа е означено дека е таква. Во исто време, укинувањето на можноста да се увезува и произведува ГМО во Македонија, која беше мерка воведена од претходната власт, според Атанасов е политичка одлука.

– Членовите кои порано постоеја во Закон за безбедност на храна со кои се дозволуваше производство и влез на ГМО храна во Република Македонија се укинаа со политичка одлука. Сакаме да се отвори јавна дебата. И научниците да си го кажат своето мислење за ГМО храната. Во светот веќе сериозно се дискутира по ова прашање. Многу земји ја имаат прифатено ГМО храната и јас не гледам причина зошто Македонија да не го направи тоа. Сепак, право на потрошувачите е да изберат што ќе консумираат.
Сметаме дека е потребно повторно да се вратат тие членови во Законот за безбедност на храна. ГМО веќе не е табу тема, можеби беше пред 20 или 30 година кога почна да се појавува. Според прописите што порано беа на сила во Македонија беше предвидено да има ГМО, но тоа да биде означено на храната и самиот потрошувач да одлучи дали ќе купува ГМО или не. Сите научни сознанија укажуваат дека за опстанок на човештвото понатаму му треба ГМО храна. – вели Атанасов за Вечер.

Целото интервју на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарност, може да го прочитате на следниот линк.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This