СДСМ поднесе иницијатива до Собранието за продолжување на конститутивната седница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за продолжување на конститутивната седница, со потписите од 67 пратеници.

oliver-spasovski-640x360

– Денеска поднесовме конкретна иницијатива до Собранието на Република Македонија и за повеќе од никого да нема изговори и дилеми околу обезбеденото парламентарно мнозинство доставивме 67 пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара за да продолжи конститутивната седница, изјави Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата на прес-конференцијата во Собранието по поднесувањето на иницијативата.

Тој додаде дека прв чекор кон тоа е да биде избран претседател на Собранието.

Запрашан дали се договориле околу составот на Комисијата за избори и именувања, Спасовски рече дека очекуваат пред седницата да се свика координација на пратеничките групи во Собранието на која ќе се договорат за сите прашања.

Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Парламентот.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This