На адресата на ДУИ во Мала Речица денес пристигнала пратка од Бихаќка, во која како што пренесува 24вести би требало да биде содржан целиот пакет на барања кои Ахмети и ДУИ ги бараа од СДСМ
Според ДУИ, засега потврдуваат дека Заев удрил параф на предлог за употребата на јазиците, односно двојазичноста, со што де факто, Заев веќе и формално прифатил спроведување на двојазичност на целата територија на Р.Македонија. Од Мала Речица додаваат и дека ќе треба време за да се утврди дали се исполнети сите барања кои биле побарани од СДСМ.
Преговарачките тимови делегирани од Ахмети пак, велат дека сеуште е рано да се донесе конечна одлука и велат дека нема потреба од брзање. На оние пак како Бејта, кои се залагаат за коалиција со СДСМ очигледно им се брза.