Сашко Стојановски, претседател на ОО СДСМ-Сопиште денеска во изјава за медиумите рече дека тие гласале против бидејќи било неприфатливо да се финансира постамент и да се бара поставување на споменикот таму .
– Сметаме дека со тоа само ќе се создаваат нови дополнителни поделби помеѓу Македонци и Албанци. Ние сме мултиетничка средина во којашто живеат Македонци, Албанци, Турци. Сметаме дека со самото поставување на овој споменик би се предизвикало дополнителен револт помеѓу граѓаните и населението кое што живее на оваа територија, рече Стојановски.