СДСМ САКА ДА ГИ СПРЕЧИ РЕФЕРЕНДУМИТЕ: Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека никој не смее да го попречува референдумското изјаснување на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека ДИК мора да постапува согласно законот и да не се обидува да го попречува одржувањето на локалните референдуми во општините низ државата, против изградба на мигрантски кампови.

– СДС не смее да врши притисок врз ДИК, со цел ДИК да не го испочитува законот и да го попречува одржувањето на локалните референдуми, само заради тоа што со тоа ќе пропадне нивниот план за населување на мигрантите на територија на Република Македонија. Апелираме ДИК да не потпаѓа под притисокот на СДС и да си ја извршува со закон предвидената должност, овозможувајќи одржување на локални референдуми, на кои граѓаните ќе можат да кажат што мислат за планот на Владата за изградба на мигрантски кампови во нивниот град и населено место, рече Перински.

Тој рече дека референдумското изјаснување на граѓаните е највисок облик на непосредна демократија, во која секој граѓанин на непосреден начин може да го искаже својот став по однос на определено прашање и затоа ниту еден политички субјект во државата не смее да се осуди истото да го оневозможи или попречува, па макар тоа била и партијата на власт.

– Граѓаните знаат дека Владата на СДС со акцискиот план за мигранти 2017 – 2027 има намера да ја претвори Република Македонија во огромен мигрантски камп, со што во повеќето општини се планира изградба станови за мигрантите, програма за нивна интеграција во општествтото, образовниот процес и нивен полесен пристап до работни места. Владата наместо да ги брани интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, реши да донесе стратегија за згрижување на стотици илјади мигранти. Наместо како држава со скромни финасиски средства и ресурси, и висока невработеност, со многу нерешени проблеми, да мислат како и со што да им го подобрат животот на граѓаните, тие се одлучија од државата да направат еден огромен прифатен камп за мигранти, со изградба на станови во скоро секоја општина СДС има план во државата да смести стотици илјади мигранти, во услови на висока невработеност на сопствените граѓани и многу нерешени проблеми, рече Перински.

Тој додаде дека наместо владата на СДСМ да им дозволи на граѓаните на референдум да се изјаснат, дали сакаат мигрантски кампови во нивниот град, тие по секоја цена сакале да го протуркаат нивниот план и наместо да создаваат услови за отварање на нови работни места за младите, тие работеле на стратегија за изнаоѓање решенија за вработување на мигранти.

– СДС наместо да се грижи за граѓаните, тие се грижат за мигрантите, кои Републиа Македонија, нема релна можност и капацитет да ги згрижи. Граѓаните го гледаат ова и затоа ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15 октомври, рече Перински.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This