СДСМ САКА ДА ГО УКИНЕ СЈО: Поради случајот „Империја“, власта сака да го укине Специјалното јавно oбвинитeлcтвo!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во овој момент власта е најголем поборник за идејата да се укине Специјалното јавно oбвинитeлcтвo, барем така изгледа.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во интервјуто за „Лидер“ кажа дека власта која толку силно веруваше во СЈО, го вклучи црвениот аларм во моментот кога ова oбвинитeлcтвo покрена постапка против ДУИ, но причината не е само тоа.

Николоски вели дека СЈО им одговараше на СДСМ и на премиерот Зоран Заев само за да направи силен политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ.

– Првиот пат кога малце им излегоа од 100 процентна контрола, решија да тргнат кон нивно укинување. Факт е дека СЈО е политички мотивирано oбвинитeлcтвo и бегање од тоа нема. – кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека Заев за истекот на покренувањето на oбвинeниja од СЈО се сети дури оваа година иако мандат имаше до јуни 2017 година. Тоа е така поради тоа што на премиерот му одговараше континуиран политички пpoгoн, кажа Николоски.

Заев го покрена алармот за мандатот на СЈО, откако се отворија предмети како „Империја“, за случаите на ДУИ, но и за некои високи функционери на СДСМ, што сеуште се во почетна фаза.

– Има предистраги за неколку видни функционери од СДСМ, на највисоки министерски позиции. – кажа Николоски, кој откри дека ова на јавноста сеуште не и е познато.
Тој повтори дека поддржува секакво oбвинитeлcтвo кое што ќе истражи кој во оваа држава се богател на сметка на граѓаните, но со реални факти и податоци.

Целото интервју на Николоски за „Лидер“ погледнете го тука. Конкретните изјави се од некаде после 27. минута.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This