СДСМ се пофали со текст во кој Македонците се „словенското православно мнозинство“….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски се пофали со анализа на француско радио за Македонија во која ниту еднаш не се споменуваат Македонците.

 

Во анализата Македонците се именуваат како „словенско православно население” што е погрешно од повеќе аспекти но на Манчевски не му пречи што целосно се негира македонскиот национален идентитет.

Да биде навредата за Македонците уште поголема во текстот се споменуваат Албанците, Ромите и Турците во Македонија но никаде нема збор за националноста на македонското население.

“Тука е сконцентрирана сета етничка разноликост во регионот: словенското православно мнозинство, големо муслиманско албанско малцинство – четвртина од населението, Роми, па дури и турско малцинство”, пишува во текстот

Радиото за кое Манчевски неточно вели дека е најслушано во Франција е дел од левичарските медиуми од блокот на француските социјалисти идеолошки блиски на партијата на Манчевски СДСМ.

Целиот текст на анализата со која се пофали Манчевски на следниот ЛИНК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This