СДСМ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО УМЕТНИЦИТЕ: Се вршат притисоци, се обвинуваат уметници за да се вработат „шарени“ експоненти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како се поврзани поништениот конкурс за класична музика со работата на Јелена Жугиќ како директор на Театар Комедија. Очигледно, во недостиг на аргументи за незаконското работење на министерството за култура, владата на СДСМ почнува да се пресметува со личности кои што се трн во око поради успешноста во нивната работа.

Времето на партиската култура почна на 1 јуни 2017 со устоличувањето на новата власт во Македонија. Жугиќ, која е еден од најзаслужните за востановувањето на нова институција Театар Комедија, и се одземени сите улоги во театарот Комедија и премолчено и е забранет влез во Комедија. Истата овој театар го воздигна од нула, во една високо реномирана институција односно на респектабилно меѓународно ниво, кое е валоризирано со неколку меѓународни награди за само 5 години постоење.

Познавачите кои ги контактиравме ни кажаа дека ноторна лага се тврдењата дека Жугиќ оставила долг или дека има направено некаков криминал при работењето. Очигледно е дека, поради немањето на соодветен кадар во културата, за што сведочат безмалку секојдневните скандали на вд директорите во културата , еден докажано успешен уметник кој блесна и како менаџер на културна установа им е трн во око на кадрите од СДСМ.

Министерството би требало да се заинтересира за работењето на сегашната управа на театар Комедија кое во неколку сегменти е противзаконско и има неоспорни елементи на непотизам. Театарот кој претставува национална установа, стана тезга на три четворица раководни луѓе во институцијата, сопруга уметнички раководител, сопруг раководител на маркетинг

Транспарентното, домаќинско работење на министерството за култура се експонира само преку “домаќинско вдомување на експонентите на шарената револуција”. Неспорно домаќински и транспарентен е моментот кога сопругата на еден од главните советници на министерот, со само 12 гласа „за“ е назначена за директор на Фестивалот Браќа Манаки. Култура за сите и домаќинско работење не подразбира се да им остане по дома и меѓу три четворица во министерството.

За жал, “културата на насилство која СДСМ во овој контекст ја користи како култура на насилство на “режимот” на ВМРО” оваа власт ја надгради со затворање на видни македонски уметници со обвиненија кои не беа подигнати ни за случувањата во 2001. Таков е случајот со актерот Владо Јовановски кој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија. Оваа обвинение го доби бидејќи учествуваше на протестите за Заедничка Македонија и беше гласно поборен против оваа влада која на власт дојде на нелегитимен и недемократски начин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This