СДСМ СЕ ФАЛИ СО НАШИ ИНВЕСТИТОРИ: Не можат да привлечат инвестиции со ликови како Самка и Љубе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интеврјуто за Инфомакс Никола Груевски го спореди тимот за привлекување на странски инвестиции кој го имаше ВМРО-ДПМНЕ и овој актуелниот на СДСМ со светски познатиот клув Реал Мадрид и македонскиот тим од Миравци

И сега едни такви луѓе кои што носеа едни толку крупни инвестиции да ги тргнеш, ајде и тоа е во ред нова политичка гарнитура, нови луѓе, ама да донесеш најмалку исто квалитетни или подобри. Овдека ни донесоа луѓе кои што ни објавија дека ќе привлекуваат странски инвестицитори кои што не знаевме дали е хумористична емисија или реалност. Јас немам ништо против тие луѓе сигурно за нешто си ги бива ама не за странски инвеститори. Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ, Апостоловска, Љубе Бошковски и тој стана некаков советник. Не сакам да ги потценам тие луѓе, секој човек си има некоја вредност и за нешто има некои предности ама не може со таква позадина каква што имаат тие луѓе да очекуваме дека тие ќе донесат странски инвестиции и не сме чуле дека донеле една крупна инвестиција. Значи знаете како они го исфрлија тимот, значи можам со еден фудбалски жаргон да го споредам со Реал Мадрид и го внесоа Миравци!

Тимот на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвестиции тој го нарече дрим тим.

-Погледнете го тимот кои што тие го донесоа за странски инвестиции и споредете го со нивниот. Значи ние имавме луѓе што беа дрим тим на Република Македонија за привлекување на странски инвестиции. Јас сум ги молел да дојдат да ги соберам од различни страни на светот од познати компании.

Никола Груевски за Инфомакс го спомена падот на невработеноста за времен на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како едно од клучните достигнувања на неговата Влада.

Ние отворивме 182 илјади нови работни места, значи не само колку сеа намалила невработеноста, од 38 на 22 проценти него ново отворени 182 илјади работни места, бидејќи невработеноста се намалува со новоотворени работни места ама може делумно да се намалува и со иселување на луѓето. Овдека имавме 182 илјади работни места. Почнавме со 560 илјади вработени во земјата, толку беа се на се вработени во Република Македонија. Завршивме со 742 илјади. 

Груевски забележа сите инвеститорите со кои сега Заев се фали дека инвестирале во Македонија се донесени од неговата Влада од ВМРО-ДПМНЕ.

И оние инвеститори кои што сега инвестираа во Македонија, се инвеститори кои ние ги донесовме, со кои ние преговаравме со нив, ги носевме од локација на локација да гледаат каде да купат изградат или слично фабрика. Со некои од нив потпишавме и меморандум за соработка. Некои од нив дури беа почнале и да градат па сега ги завршуваат градбите. Така да немаат ниту една крупна посериозна инвестиција, која што ја донесоа.

 

Груевски вели дека неговата влада донела на сто странски инвеститори во Македонија, а сега со доаѓањето на СДСМ на власт дел кои сакале да инвестираат во Македонија кога виделе со кого си имаат работа се повлекле и се решиле да не инвестираат во друга државата. 

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2176720795683612/

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This