April 27, 2024, 12:02 am

СДСМ ТОНЕ ВО ЖИВ ПЕСОК: Бранко Героски смета дека СДСМ пропаѓа поради своите „бедни паразити и нивните доброчинители во власта“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да ги нахраните сите усти гладни за клати-врата-земај-плата. Задоволувајќи еден „заслужен“, создавате сто непријатели. Гневот и незадоволството се шират како епидемија. Зарем не го гледате тоа, другарки и другари?, вели Бранко Героски, апологет на актуелната власт на СДСМ, критикувајќи ги партиските вработувања на владејачката гарнитура

Додека Дамјан Манчевски од говорница се обидуваше да ги оправда партиските вработувања, непотизмот и очигледната корупција на таа основа, додека партиските апологети во скромната интелектуална ергела на СДСМ смислуваа тези, антитези, игри на зборови и други вербални шашми за да ја оправдаат оваа дрскост и ароганција, стаса веста, а набрзо и потврдата, дека уште една пратеничка на СДСМ (позната под прекарот „Мира дизел“) си го вработила синот во ЕЛЕМ.

Па што?! Син не е роднина, нели…

Ова навистина крај нема. Ако некој не ги запре – а не гледам кој е способен и желен за такво нешто – овие од власта навистина се со намера да ги вдомат сите свои деца на буџетски јасли и така да им направат лоша услуга, за цел живот да ги обележат како неграмотни, неспособни и неамбициозни имбецили. Голем грев е тоа кон тие деца, меѓу кои сигурно има прекрасни момчиња и девојки, што би можеле да работат чесно и да заработуваат уште почесно. – пишува Героски.

На крајот, Героски констатира дека оваа власт веќе длабоко е загазена во жив песок, и веќе тоне се подлабоко поради своите „бедни паразити и нивните доброчинители во власта“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This