СДСМ ЈА БРИШЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ОЧИТЕ НА ДЕЦАТА: Се брише името Република Македонија од училишните згради!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ја избриша Република Македонија пред очите на децата, пред очите на учениците. Без трошка чувство за државност, на 31 јануари општините во Република Македонија добиле насоки од Владата, по што следела наредба до училиштата да биде избришано името Република Македонија од училишните згради. И повторно во јавноста лажат, велат ќе почекале, со некаков план како ќе се одвивало менувањето на таблите. А всушност, одамна е почнато тајно корнење на името на Република Македонија, започнато прво од училиштата, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Ова зад мене се неколку фотографии од уништени табли во Кисела Вода и Драчево во Скопје каде е изгребано, префарбано, тргнато името Република Македонија! На оваа „црна акција“ според нашите извори, следела реакција на дел од учителите секако на дел од родителите. Наредба да се брише, прешкртува, гребе името на државата, да се откорне Република Македонија, а местото да остане празно со видлилви траги на насилство и насилното бришење, прекривање на буквите. Како да се работи за срамна, недолична порака на училишен ѕид.

Оваа црна акција на бришење на Република Македонија од институциите, од училиштата е спротивно дури и на капитулацијата, каде стои дека промената ќе е активна по потпишувањето на протоколот за членство во НАТО од Грција, за потоа да има уште неколку договорени процеси, нота од и до Грција, известување до ОН. Тоа го знаат, но СДСМ побрза да ја избрише Република Македонија уште на 29 јануари.

Ова е наредбата од владината седница на 29 јануари пратена до општините на 31 јануари, по што е постапено веднаш, рече Стоилковски.

Според него, тоа е заштитениот идентитет и потврдата која што Зоран Заев и картелот ѝ ја донесоа на Република Македонија.

Пред неколку дена од тука презентиравме документ дека Заев и картелот договарале со Косово меѓудржавен документ со Северна пред референдумот во септември, воопшто и да се одржи, сега го бришат името од училишните згради пред определниот рок зададен од самите нив, договорено од самите нив! За жал ова е само дел од долгосежните последици од прифатените условувања со капитулацијата прифатена од Заев, истакна Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе стори сè што е во нејзина моќ за во иднина да ги измени процесите кои произлегуваат од капитулацијата од Нивици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This