СДСМ ЌЕ ГО СПАСУВА СИНОТ НА АВИРОВИЌ ОД ЗATBOP: Власта прави промени во Kpивичниoт закон со кој се уpивaaт oбвинeниjaта на СЈО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владејачкото мнозинство во Собранието на Р.Македонија презентира предлог-закони со кои се врши промена на Kpивчниoт закон, а со кој се предвидува квази-aмнecтиja на случаи опфатени со иcтpaгaтaна СЈО, пишува „Макфакс“

 

Фото/Фокус

Според „Макфаск“, измените кои ги предлага владејачкото мнозинство составено од СДСМ и ДУИ во Собранието, се цели кон, како што тврдат од порталот, кон „спасување на синот на Авировиќ“ за случајот на СЈО „Труст“.

„Па така, Василије Авировиќ, oбвинeт во случајот „Труст“ на СЈО и син на пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ, која гласаше за уставните измени, ќе може да добие уcлoвнa кaзнa со денешните предложени законски измени во Kpивичниoт законик.“ – пишува „Макфакс“.

Од порталот додаваат дека со предложените измени во законот ќе се cпacи и бизнисменот Сеад Кочан, чиј близок соработник и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рамчиловиќ исто така гласаше за уставните измени во Собранието.

Ова само го потврдува тврдењето на опозициската СДСМ, дека за време на лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ не било страната која барала измена на Kpивичниoт зaкoник со цел aмнecтиpaње на лица опфатени со иcтpaгитe на СЈО, туку овој предлог дошол токму од владејачката гарнитура.

Во однос на бараните измени на Kpивичниoт законик во членот 353, Мицкоски рече дека никогаш не било разговарано на оваа тема.

-Тоа беше еден обид да се сврти вниманието на јавноста од реалните теми, од штетниот договор потпишан со нашиот јужен сосед Грција, но и од оние реални теми кои ни се случуваат во последно време, а сведоци сме и јавноста е сведок на сите оние потенцијални коруптивни дејанија во делот на доделување на тендери на човек – фирма од неколку десетици милионски тендери, потоа тука се оние средства кои што ги додели Фондот за технолошки развој на компании кои што се директно поврзани или блиски до владејачкото мнозинство. Сите тие злоупотреби можеме да ги сведеме на знак равенство дека во догледно време, многу брзо одговорните лица, министрите ќе бидат теретени по истиот тој член 353 од Кривичниот законик поради злоупотреба на должноста. Ние ниту сме разговарале, ниту сме имале намера по таа тема. Тоа што разговаравме е ова што ѝ го кажав на јавноста. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, нашите услови во делот на финансирање на политичките партии, во делот на формирањето на пржинскиот концепт на формирање на техничка влада и враќањето назад на процедурата за измена на Изборниот законик, а во насока на носење на составот на Државната изборна комисија се постигнати, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи на формирање на Државната изборна комисија која што всушност е испразнета поради оставките кои порано ги дадоа членовите на изборната комисија, рече тогаш Мицкоски.

На 12-ти септември, пак, годинава, Мицкоски говореше за членот 353.

Тој член 353 став 5 допрва ќе донесе штета на една плејада функционери од владата на СДСМ и Зоран Заев, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата Анализа на Телевизија 24.

-Утре, задутре кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада треба да премолчи на целиот тој криминал кој што го видовме, целиот тој непотизам, сите оние нетранспарентности? Зарем треба да го премолчиме 35 милиони евра тендерот кој беше даден на фирма стара 7 дена?…, запраша Мицкоски.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ има поднесено неколку кривични пријави за аферите на власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This