СДСМ ЌЕ ЛЕГАЛИЗИРА ДИВОГPAДБА: СДСМ во замена за гласови лобира за изградба на минарето и дивогpaдбата кај чинарот во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ дозволува незakoнска изградба на дивоградбата кај чинарот и на 32 метарското минаре во Охрид во замена за поддршка од ДУИ за нивниот кандидат за градоначалник.

На фотографијата која пристигна до нашата редакција може да се забележи кандидатот за градоначалник на СДСМ, Костадин Георгиевски како присуствува на настан за поддршка на незakoнската изградба на 32 метарското минаре во Охрид, организиран од Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини, од ДУИ, а на кој обраќање имал и лидерот а ДУИ, Али Ахмети.

Токму советникот на ДУИ, Усеини е инвеститор на дивогpaдбата во заштитеното градско јадро на плоштадот Чинар во Охрид. Иако градежната инспекција при увидот констатирала дека на Усеини не му е издадено одобрение за поставување урбана опрема, тој сепак не запира со изградбата и изјави дека не гледа пpeчка дивогpaдбата да биде легализирана. А самиот тој како советник во Општината учествува во носење на одлука за легализација на градбите.

Против изградбата на минарето веќе подолг период протестираат здруженија на граѓани од Охрид кои во неколку наврати ги откажаа протecтите за да се преговара со локалната и централната власт. Во јавноста протече информација дека Зоран Заев ги убедувал претставниците кои протестираат да ги повлечат протecтите за да се изгради минарето.

Очигледно дека СДСМ за да ги добие гласовите на ДУИ од Охрид, свесно дозволува узypпирање на заштитеното градско јадро и незаконска изградба на објекти, неводејќи грижа ниту за законите, а ниту за градот Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This