April 25, 2024, 12:03 am

СДСМ ЌЕ НАСЛЕДИ ПОЛН БУЏЕТ: Во 2006 ВМРО-ДПМНЕ наследи блокиран буџет, во 2017 година СДСМ со 180 милиони евра расположливи за инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку оваа недела СДСМ формира влада, овонеделниот пресек според информациите од министерството за финансии покажува дека СДСМ наследува полн буџет од над 180 милиони евра. Тоа се пари расположливи за трошење веднаш и инвестиции во разни развојни проекти.

paridenari10

Од почетокот на годината собрани се 57 милијарди денари од даноци и придонеси. Собрани се и 5 милијарди денари неданочни добивки.

Приходната и расходната страна се урамнотежени. Дефицитот е речиси анулиран и се движи околу 1 процент.

Во 2006-та година кога ВМРО-ДПМНЕ  дојде на власт околу три милиони евра  предвидени за годината веќе биле платени трошоци од  над два милиона евра. Остатокот од околу еден милион евра бил планиран за плати, наемнини и за надоместоци. Ова значи дека Владата немаше пари за плаќање на другите финансиски обврски, кои се натрупале во изминатите месеци. Причина се, како што  пишуваше „Дневник“, многуте судски решенија за присилна наплата на долгови кон фирми и граѓани направени изминатите години.

Кон крајот на август 2006-тата година по присилната наплата на доспеани долгови направени пред 2006 година сметката на Владата беше блокирана откако се активирале две решенија за присилна наплата на долг од околу 422.000 евра, побарување кон вработени од јавното претпријатие ГА-МА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This