СДСМ ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ОДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ: Вечерва на ЦО на СДСМ ќе се одлучува за предвремени парламентарни избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва на Бихаќка ќе одржат состаноци на кои партијата ќе одлучува за отпочнување на постапката за номинирање претседателски кандидати и за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција минатата недела во Владата беше порезервиран за одлуката за двојни избори и рече дека уште вечер може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена.

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски, кој се споменува и како можен консензуален кандидат, изјави дека ќе ја отворат постапката во однос на кандидатурите, која согласно партискиот статут, ќе се води од најниско ниво, а на крајот ќе одлучува Конгресот на партијата во однос на утврдувањето кандидати.

Во однос на рокот кога СДСМ ќе го одржи Конгресот, Спасовски рече дека тоа ќе биде решено на утрешните седници на Централниот и на Извршниот одбор на партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This