April 20, 2024, 12:17 pm

СДСМ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: Состанок на ЦК на СДСМ во петок – ќе се одлучува за излегување на избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дебата за можноста за одржување претседателски заедно со предвремени парламентарни избори е отворена, в петок најверојатно ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, кога може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена.

 

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата посветена на презентација на плановите за изградба на патната инфрастуктура за 2019 и сработеното во 2018, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали неговата партија е поблиску до ставот за претседателски заедно со предвремени избори и како тоа би се одразило врз силните инвестиции што се најавуваат.

Тој нагласи дека е сигурно дека ќе почнат постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар, каде заедно со претседаталските ќе се одржат и избори на градоначалници.

Ова што го најавуваме никако не може да биде запрено, без разлика дали ќе се оди заедно на претседателски со парламентарни избори или само на претседателски, затоа што тоа е составен дел од програмите и Буџетот на РМ. Законот е јасен, не можете да предвидувате и реализирате дополнителни активности доколку се распишани избори, но се што е предвидено во Буџетот, со донесените програми, не претстанува да се реализира и тоа е законот во РМ и тоа Изборниот законик го регулира, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This