СДСМ ЌЕ ФОРМИРА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЕЛЕМ: И претседателот на СДСМ Гостивар, Зоран Ангелов доби работа во државната ЕЛЕМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И претседателот на СДСМ Гостивар, Зоран Ангелов доби работа во државната ЕЛЕМ, дознава ТВ 24. Тој од пред некој ден е вработен на неопределено време во ХЕЦ „Маврово“. Од ЕЛЕМ ја потврдија информацијата дека со последниот оглас кај нив добил работа и Ангелов, како инженер за машинско одржување, на неопределено време.

Ангелов за ТВ 24 само поврди дека е вработен во ЕЛЕМ, а за детали не упати да прашаме во компанијата.

„ЕЛЕМ се одговорни за се, нив прашајте ги. Не знам кога беше огласот, видете со нив“- изјави Ангелов кој беше на состанок.

Вработувањата во ЕЛЕМ на роднини и блиски на партиски и државни функционери не сопираат. Така покрај синот и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, денес се потврди и дека и дедото на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ.

Таму се синот и братот на пратеничката Стојчевска, но и ќерката на спикерот Џафери, сестрата на министерот за култура, Асаф Адеми и синот на Мирослав Грчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This