СДСМ ЌЕ ЈА УКИНЕ ТИТУЛАТА НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК: Оваа титула ја имаат добиено Реџепова, Трпчевски, Манчевски, Трајанов, Маџиров и Дурловски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ сака да ја укине титулата Национален уметник. Законот беше донесен кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и си истиот се наградуваат уметниците кои зад себе имаат врвни достигнувања и ја претставуваат гордо Македонија ширум светот. СДСМ сака да ја укине титулата која досега во Македонија им беше доделена на: Симон Трпчески, Милчо Манчевски, Есма Реџепова, Борис Трајанов, Ана Дурловски и Никола Маџиров.

 

Секој од нив има богата кариера и претставува македонски амбасадор на културата. Нивните звучни имиња ја претставуваа и ја претставуваат нашата земја достоинствено.

Пратениците попладнево расправаа за Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија во прво читање. Со него е предвидено во иднина да се укине доделувањето на оваа титула која се состои од доживотен паричен надомест од две просечни месечни плати.

Додека Владата на СДСМ се расфрла со огромни суми на пари, а не спроведува ништо, сега сметаат дека треба да се скрати овој паричен надоместок и врвните уметници да не земаат ништо.

Образложувајќи ја потребата за укинување на Законот, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски соопшти дека за надоместоците на петте живи национални уметници за 2017 година се потребни 4 милиони денари од Буџетот на РМ или за секој од нив месечно бруто по 66.300 денари.

– Се оцени дека со Законот се направи нерамноправен третман меѓу уметниците, како и помеѓу националните уметници и другите вработени во културата кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во државата, рече Лазовски.

Никица Корубин од ЛДП рече дека законот е недоследен зашто дискриминира и фаворизира една категорија уметници.

– Државата е должна да води сметка за сите уметници подеднакво, рече Корубин.

Елизабета Канческа-Милевска од ВМРО-ДПМНЕ, која беше министер за култура кога се подготви и донесе законот, побара на јавна расправа да се дискутира за укинување на законот за да се слушне мислењето на уметниците, како што била организирана јавна расправа за донесување на законот пред седум години. Тогаш, рече таа, над 50 уметници го поздравиле носењето на законот, а некои од нив биле во работните групи што ги утврдиле критериумите за доделување на титулата Национален уметник.

– Законот се носеше со благородна, позитивна идеја во насока за унапредување на културата и почит кон нашите уметници. Дискриминацијата е токму во укинувањето зашто доведува до неправда и нерамноправен однос кон уметниците. Овие што добиле ќе имаат надомест, а на други уметници државата не им дава можност во иднина да се стекнат со оваа титула. Не може еднострано и самоволно да се одлучува за укинување на титулата, рече Канческа-Милевска.

Независниот пратеник Ферид Мухиќ реплицираше дека во уметноста не постојат објективни критериуми зашто тие се естетски и не се мерливи.

Расправата е исцрпена но немаше гласање, зашто претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина оваа, 15-та седница, и се премина кон дневниот ред на 12-тата седница.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This