March 28, 2024, 10:53 pm

СДС БЕШЕ ВЕШТАЧКИ ДОНЕСЕНА НА ВЛАСТ: На 15-ти октомври народот ќе се изјасни дали сака Влада составена по нечија желба и насилно инсталирана!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие избори се повеќе од локални избори. За прв пат во Македонија имаме Влада која на изборите беше поразена од народот. Но, потоа од некој друг беше составена и сега раководи со земјата, спротивно на волјата на народот, спротивно на интересите на овој народ во Македонија. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Битола.

-На овие избори, освен што Битола ќе може да го избере Зоран Илиоски за градоначалник и советниците, ќе се изјасни и за многу други работи кои се случуваат, ќе се изјасни и за начинот како се избра претседател на Парламентот. Сите знаеме како се избра претседател на Парламентот. На 15-ти октомври, битолчани ќе кажат дали се согласуваат со таков избор на претседател на Парламентот и таков избор на Влада, но и дали се согласуваат државата да ја води партијата која во Република Македонија беше поразена, порача Груевски.

Тој на битолчани им посочи дека на овие избори освен за градоначалници и советници граѓаните ќе се изјаснат и за намерата на Владата за носење на мигранти во Македонија.

-Знам дека кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт од нас бараа да се донесат и доселат во Македонија 150.000 мигранти. Ние тоа не го прифативме затоа што сме свесни дека тоа е огромен товар за Македонија. Дека ние имаме се уште висок број на невработени и ние не можеме за нив да обезбедиме работа, а камоли за уште 150.000 мигранти.  Од нас се бараше да се населат, да им се дадат државјанства, да им се помогне за вработување и за вклопување во средината. Ние тоа не го прифативме и меѓудругото затоа не чиневме.  Некој друг тоа го прифатил и не беше случајно што пред неколку месеци избрзаа и ја објавија стратегијата за мигранти од која се виде дека сакаат да населуваат во голем број општини мигранти вклучувајќи и тука во Битола.  Планот е, извесно време по локалните избори, најпрво да се доселат долж јужната граница  на Македонија, во специјални бегалски кампови, а потоа како ќе се градат нови куќи или згради, така да се вселуваат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски потсетува дека кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт им помагаше на мигрантите додека траеше политиката на слободен транзит, им даваа лекарска помош, хуманитарна помош. Но, вели тој, СДСМ прифатиле да прифатат огромна бројка на мигранти да се преселат во Македонија, само за да дојдат на власт.

Граѓаните на претстојните избори според Груевски, ќе се произнесат и за работата на владата на СДСМ, која вештачки беше донесена.

-Ќе се произјаснат и за секојдневната демонстрација на незаконско работење, незаконски назначувања, незаконски разрешувања, незаконски вработувања. Незаконски тендерски постапки, ставање на министри да бидат и советници на министри, сами себе да се советуваат за да земат пари. Вакви незаконски работи досега немало во Македонија. Паралелно со гласањето за градоначалници и советници, секој граѓанин на Битола ќе го каже своето мислење и за секојдневното демонстрирање на сила од новозалепената власт која ги загуби изборите, но ја составија. Граѓаните ќе кажат дали се согласува со начинот на кој СДСМ ги води овие избори. Имаме еден градоначалник со скршен череп, имаме кандидат за градоначалник кој беше третиран од полицијата како терорист со вперено оружје. Имавме пукање во западна Македонија меѓу кандидати за советници. На 10 кандидати им пуштија непостоечки кривични пријави. Тоа е демонстрирање на сила без правна основа, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети на филмската измама која СДСМ се обиде да ја направи со САНОС, на лагата на Заев дека се сретнал со Трамп, на штетните договори со Бугарија и Грција и порача дека сето ова ќе биде казнето од страна на граѓаните.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This