April 20, 2024, 11:07 am

СДС ВО БРАК СО МЕДИУМИТЕ: Незадоволните пак како Борјан Јовановски го вадат валканиот веш на Заев од неговиот непристоен брак со медиумите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѓорѓи Дамјановски, сопруг  на новонозначената главна уредничка во Канал 5, Маја Дамјановска, стана дел од одборот на директори на Акционерското друштво во стопроцентна сопственост на Владата Државната лотарија на Македонија.

Оваа вест, објавена на порталот novatv.mk во сопственост на Борјан Јовановски,  докажан подджувач на политиките на СДС посочува на тоа дека се водат валкани внатрепартиски пресметки за функции, водени од лични интереси.  Новинарката Сашка Цветкоска во статијата напиша: “Дамјановски до 2009 година воопшто не работи во овие дејности и според извори блиски до семејството, работел во еден скопски салон за продажба на автомобили. “

Под диригентската палка на Јовновски, новинарката Цветковска истовремено ja искоментира и одлуката на Владата за поставување на нови членови во управниот одбор, велејќи: “Во работните материјали за седницата не се предадени биографии на предложените кандидати, само имиња и презимиња. НОВАТВ веќе трет ден чека одговори од владата за нивните биографии и процедурите во кои се одбрани и предложени, но одговоорите се уште ги чекаме и покрај нашите чести потсетувања дека ни должат одговори.”

Имајќи во предвид дека Дамјановски е без никакво искуство во игрите со среќа, јасно се гледа заднината на ваквата владина одлука, односно бесрамните обиди да го зголеми влијанието врз медиумите,  да ги дискредитира и да ги претвори во своја пропагандна машинерија.

Истовремено, разни челници на СДС повикувајќи се на законот за избори, повторуваа дека во институции и компаниите во државна сопственост нема да има нови вработувања, отпуштања и други кадровски промени. А.Д. Државна Лотарија во стопроцентна сопственост на Владата е пример за тоа како СДС ги лаже граѓаните.

По поставувањето на тотално некомпетентната  Катица Николовска-Прнаркова од сметководителка, на позиција генерален директор на Д.Л.М. се исполнија ветувањата на Заев дека кога ќе дојдат на власт “Ќе јадат живи луѓе”, односно во компанијата уште во првите денови биле деградирани десетина луѓе, преместувани на различни работни позиции и малтретирани дур самите не си дадат отказ, додека пак 6 лица со договор на дело, на сила им биле раскинати договорите пред истекот на рокот со што грубо е прекршен законот за избори, за што засегнатите веќе најавуваат тужби.

Ако владата на СДС “Јаде живи луѓе” во предизборен период, што треба очекуваат вработените во државните институции по изборите останува да видиме.

Исто така, Прнаркова која доаѓа од редовите на НСДП, поставена за генерален директор без два дена партиски стаж произведе револт кај долгогодишните членови на СДС кои се надеваа на таквата позиција.

СДСМ ПРАВИ ФАБРИКА 2

Сите поддржувачи на СДС и активисти на „шарената револуција“ новата влада на Заев ги вдоми во владините и министерските служби. Истите сега добиваат огромни суми на пари и од невладините организации и од државниот буџет.

Јована Аврамовска од „Фчерашни новости“, портпаролка во министерство за финансии
Петрит Сарачини, советник на министерот за култура Роберт Алаѓозовски
Зоран Бојаровски, вработен во Влада, оддел за комуникации
Миле Бошњаковски, портпарол на Влада
Лидија Јанчовска – Христова од Канал 5, портпарол на Министерката за одбрана Радмила Христова

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This