СДС ВО КУМАНОВО ЗАБРАНУВА НАРОДОТ ДА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА МИГРАНТИТЕ: СДС не дозволи граѓаните да се изјаснат за населување и интеграција на мигранти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово предложи како точка на дневен ред да биде ставено донесување на одлука за распишување на референдум преку кој граѓаните на Куманово ќе се изјаснат дали се за населување и интеграција на мигранти на територија на општина Куманово.

-И покрај нашата аргументација за оваа иницијатива мнозинството советници на седницата, предводено од СДС и неговите коалициони партнери, со крајно паушални и несфатливи констатации истата ја отфрли. Со ова отфрлање директно, граѓаните на Куманово беа спречени самите да одлучуваат за судбината на својот град и за иднината на своите деца. Би сакале уште еднаш да истакнеме дека јавноста мора да биде запознаена со Стратегијата за интеграција на бегалци и странци и Националниот акционен план за стратегијата, преку кои се создава правна рамка за трајно населување на огромен број на мигранти на целата територија на Република Македонија. Очигледно советниците од владејачката коалиција се единствените кои не гледаат со каква опасност се соочува Куманово. Неодговорното и антидржавно однесување на владата директно ја загрозува иднината на државата, а за СДС во Куманово претставува прифатлива политика со која за жал трајно ќе се дестабилизира Република Македонија. Ги повикуваме советниците од СДС и од другите политички партии во Советот, а и оние кои немаа свои советници, да заземат јасна и недвосмислена позиција против „Стратегијата“, која предвидува демографско и културолошко преобликување на државата, во која нема да можат да се воспостават никакви интегративни механизми, туку ќе бидеме само сведоци на хаосот без крај, истакна Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Тој потенцира дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе продолжи со борбата против сите аранжмани од страна на актуелната локална и централна власт кои ќе бидат на штета на националните интереси и директно ќе го загрозуваат мирот и стабилноста на нашиот град, а со тоа и на нашата држава.

-Граѓаните се свесни за политичката состојба во која се наоѓаме, но и за сите претходни случувања во кои секогаш Куманово излегуваше како поразена страна. Затоа на 15-ти октомври длабоко сме убедени дека граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука за судбината на Куманово и на Република Македонија, додаде тој.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This