April 19, 2024, 10:07 pm

СДС ГИ ВРАТИ ВРЕМИЊАТА НА ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ: Повредени кандидати, престрелки и искршени штабови во првите три дена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со насилство партиите на власт ја започна својата предизборна кампања за претстојните локални избори. За само три дена е пукано во носител на листа, на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ му беше вперен пиштол во глава, искршени се штабови, се злоупотребуваат службени возила за партиски цели.

Среде Кичево вчера беше пукано во носител на листа на независни кандидати за советници, а повреден е неговиот шеф на кабинет.

Три лица се повредени во пукањето кое вчера околу 18:50 часот се случи во Кичево. Од полицијата информираа дека кон трите лица со пиштол пукал 58 годишниот А.Д. од Кичево.

-Кичевецот ги пресретнал и со пиштол пукал кон своите сограѓани и ги повредил Д.А. (58), А.А. (40) и Ш.Д. (54). Според неофицијални и непотврдени информации, лицата во текот на денот имале судска парница. Д.А. се здобил со повреда во ногата, додека А.А. во слабината и двајцата се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Ш.Д. се здобил со повреда во пределот на десната потколеница и е пренесен во кичевската болница. Од полицијата информираат дека А.А. и пиштолот со кој пукал се обезбедени. Полициски екипи вршат увид на местото, соопштија синоќа од МВР.

Полицијата ги објави иницијалите, но медиумите објавија детали за страшниот настан. Во Кичево е ранет Алит Абази, заедно со својот шеф на изборен штаб Дестан Абдиу. Кон нив е пукано од другата страна на кичевскиот булевар. Кон нив со пет куршуми пукал Абдула Абдулау. Ранил три лица, две кои му биле метата и случаен минувач.

Ранетиот Абази е носител на единствената независна кандидатска листа на советници во Кичево.

Лудилото кое започна да го спроведува СДСМ до доаѓањето на власт не запира. Партизацијата на институциите продолжува наголемо да се спроведува. Поради страв од пораз на престојните локални избори, паниката кај СДСМ и Зоран Заев кулминира со скандалозни и нечовечки постапки, користејќи ја партиската полиција за закани и бруталност.

Полицијата на Заев и Оливер Спасовски пред неколку дена му впери пиштол во глава на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој воедно е сосопственик на компанијата „Кожувчанка“,член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Додека Јанчев патувал кон Скопје за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, партиската полиција на Заев на брутален начин без никаква причина му вперила пиштол на глава на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и го легнала на земја.

Дури и самите полициски службеници и припадници на Единицата за прв одговор и интервенција, Алфа, коментирајќи велат дека чекале три часа да помине кандидатот за градоначалник , бидејќи се работело за наредба дадена од партиските високи структури на полицијата.

Непознати сторители пред два дена го демолирале седиштето на Демократската партија на Србите на Македонија во Скопје. Партијата на Иван Стоилковиќ е дел од коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која партиципира со неколку советнички места на кандидатските листи и еден кандидат за градоначалник.

Непознат сторител или сторители го искршиле стаклото од излогот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода. Кандидатот за градоначалник на оваа партија во Кисела Вода, Јохан Тарчуловски го осуди инцидентот.

СДСМ врши целосна предизборна злоупотреба користејќи ги возилата на комуналните претпријатија каде има свој градоначалник, во Струмица и Куманово.

Општината чиј градоначалник со години беше Зоран Заев врши злоупотреба со цел политичко агитирање кај гласачите.

Имено, изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под капата на општината. Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Изборните материјали на СДСМ за локалните избори, се разнесуваат низ општината во возилото, ставајќи го во функција на превоз за партиски потреби.

Иста таква злоупотреба се врши и во Куманово.

Во исто време кога хунтата на СДС прогонува и затвора недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко кој е со животно загрозено здравје, владата на Заев со законот за амнестија ќе ослободи лица кои се осудени на тешки криминални дела, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека недолжни се носат во притвор, убијци, разбојници и криминалци се ослободуваат. Од СДС и Заев амнестија ќе има за лица осудени за убиство на дете при пораѓање, убиство од небрежност и убиство на миг.  Заев и СДС сакаат на слобода да бидат лица кои се осудени за дистрибуирање на дрога, кражби и тепачки, нанесување на тешки телесни повреди, низа од дела кои се поврзани со бракот, семејството и младината. Помеѓу другото исто така ќе се амнестираат лица кои се бавеле со производство и пуштање на промет на штетни средства за лекување. СДС и Заев поради страв и паника дека ќе ги загубат локалните избори, пуштија на слобода криминалци, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Заев ги ослободи Агим Красниќи кој беше осуден за тероризам и Бајруш Сејдиу, кој е познат како тобако бос поради производство на фалсификувани цигари за двајцата да му бидат главен адут за локалните избори.

– Заев е нервозен и знае дека ќе ги загуби, надежта на Заев за овие избори не се проекти и програма туку криминалците кои ги ослободува. Целта на Заев е да ги заплаши граѓаните со овие криминалци, како и создавање на злосторничко здружување за фалсификување на изборите. Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС. Граѓаните гледаат дека Заев и СДС ја нарушуваат безбедноста на граѓаните па затоа на 15-ти октомври ќе ги казнат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ја следиме кампањата на нашиот политики опоненет и можеме да забележиме дека повторно имаат купишта лажни ветувања исто како минатата година, ќе ви ветат се што сакате да чуете, а за исполнување „аврио“. Навреди, омаловажувања колку што може да направат, гнев и омраза. Третиот елемент во нивната кампања е оној во кој зборуваат дека ќе донеле живот за сите, како ние тука да не сме живи, ќе донеле воздух, енергија. Слушаме постојано апстрактни поими, демагогии, а ништо конкретно и реално, истакна Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот митинг во Кавадарци.

-Гледаме дека во овој период пред почетокот на кампањата колку што можеа извадија од затворите криминалци, заради изборни цели, за да ги искористат во изборите. Македонија четири месеци живее во помрачување. Имаме нова власт која на секој чекор применува незаконско и насилничко работење и не се кријат во тоа. Се чувствуваат осилени, не од народот бидејќи тие знаат дека народот не ги донесе на власт. Знаеме сите кој ги донесе на власт, затоа мислат дека може се да прават. На 15-ти октомври овој народ ќе им покаже дали треба да се осилени или исплашени, посочи Груевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This