СДС ИМА СЕЛОТЕЈП КОАЛИЦИЈА: Со бивши затвореници не се прават реформи – многу слаби кадровски решенија во владата на СДС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во вестите на Телевизијата Алфа вели дека граѓаните очекуваат многу од стартот на новата Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тие очекуваат 100.000 денари основица на лекарите, укинување на радиодифузната такса, покачување на пензии, 500 километри автопати, но од друга страна, СДСМ има многу слаби кадровски решенија.

-Ќе почнам со двете најблиски на премиерот Заев. Првото решение, шеф на кабинет е жена која што е осудена за службена проневера како царински службеник или заменик директор на Царинска испостава и има пресуда Основниот суд во Штип за тоа. Таа ќе биде неговиот најблизок човек, истакна Милошоски.

Посочи дека доколку вашиот најблизок човек е некој кој одговарал за некаков шверц или злоупотреба на царински овластувања, тогаш, како што вели, може да замислите какво ќе биде понатамошното опкружување.

-И второто, назначувањето на генералниот секретар на владата, господинот Драги Рашковски, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Рашковски има изјава во која вели дека НАТО е организација која што бомбардира, убива цивили и помага терористи.

-Значи се гледа дека ова е една селотејп коалиција во која личните бизнис, па и некои криминогени интереси на различни групи и етнички прашања биле составени на едно место, се со цел да ја турнат владата на ВМРО-ДПМНЕ без разлика на слабите кадровски потенцијали кои што ги нуди, потенцира Милошоски.

Според него, гафот на министерот за финансии Драган Тевдовски е еден сериозен гаф.

-Разликата меѓу бруто и нето, без разлика дали се работи за цена или за ДДВ или за друга мерка која што треба да ја пресметате во бруто или во нето исход, е нешто што студентите по економија го учат во првата година на студиите на Економскиот факултет, а слушнавме дека министерот таму предава, посочи високиот партиски функционер, додавајќи дека тој треба да се врати на Факултетот и повторно да научи тоа што не го знае, или треба да размисли дали е способен да го води Министерството за финансии со такви базични непознаавања на овие состојби.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This