СДС И ЗАЕВ СЕ ПРЕПЛАШЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ И ГРУЕВСКИ: Веќе сите ја видоа разликата, и повеќе нема лажење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС е преплашен од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Знаат дека веќе сите ја видоа разликата помеѓу тој што води принципиелна и државничка политика во полза на граѓаните и тој што прифаќа секакви штетни договори само за да ги задоволи алчните партиски апетити и апетитите на соросовите платеници. Тоа е разликата меѓу Заев и Груевски. Затоа СДС праќа тажни и неосновани реакции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС не може да ја прикрие својата неспособноста, неработењето и расипничкото однесување со државата и парите на граѓаните со ниту една лага и манипулација. СДС за неполни три месеци ги задолжи идните генерации за над 150 милиони евра, а од државните резерви стопи над 120 милиони евра. Поради неодговорноста на СДС државата забрзано чекори кон банкрот. СДС се задолжува без притоа да реализира ниту една капитална инвестиција, истите со ребалансот на буџетот скратија пари од изградба на основни и средни училишта студентски домови и спортски сали. СДС скрати пари за рурален развој, водоснабдување и капитални инвестиции во земјоделието, но затоа се погрижија да има средства за партиските вработувања и згрижување на партиските потрчковци и ставање на платените револуционери на државен трошок. СДС единствено може да му завидува на Никола Груевски за сработеното за државата и граѓаните кое е видливо и од бенефит за сите граѓани на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев е повеќе од очигледна, се додава во реакцијата, и токму за оваа разлика граѓаните ќе гласаат на локалните избори на 15 октомври за ВМРО-ДПМНЕ, за реални мерки и проекти, а не за празни ветувања и антидржавни политики.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This