СДС И РАШКОВСКИ ПОВТОРНО ЛАЖАТ: Фирмата „Атриум“ со демант – воопшто немаме склучено договор за молерсување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еднаш најостро го демантирам Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски барам негово јавно извинување за изнесените невистини и во целост да ги повлече. Доколку тоа не се случи, ќе бидам приморан тоа право да го остварам по судски пат, пишува во демантот потпишан од директорот на АТРИУМ ДОО Вевчани, Бобан Мукоски.

Интегрален текст од соопштението на директорот на АТРИУМ ДОО Вевчани, Бобан Мукоски.

Почитувани,
Како директор на АТРИУМ ДОО Вевчани остро реагирам на изнесените невистини од страна на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски дека мојата фирма склучила договор по тендер за варосување на помошните простории во „Телеком арена“ за 10 евра од квадрат.

АТРИУМ ДОО Вевчани НЕМА СКЛУЧЕНО, повторувам нема склучено договор по тендер за варосување на помошните простории во „Телеком арена“како што тврди Генералниот секретар на Владата на Република Македонија.

Прво, се работи за годишна рамковна спогодба која фирмата АТРИУМ ДОО Вевчани ја има склучено со А.Д. За изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за републиката – СКОПЈЕ. И врз основа на таа годишна рамковна спогодба фирмата е ангажирана за тие работи.

Второ, цената што Генералниот секретар ја кажува е 4 пати повисока од реалната цена на чинење за таков вид на работи.

Уште еднаш најостро го демантирам Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски барам негово јавно извинување за изнесените невистини и во целост да ги повлече. Доколку тоа не се случи, ќе бидам приморан тоа право да го остварам по судски пат.

Со почит,

АТРИУМ ДОО Вевчани
Директор,
Бобан Мукоски

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This