April 23, 2024, 11:08 am

СДС НЕКА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА, ВАКА САМО ЛАЖАТ: ЛЕД мониторите се набавени во транспарентна и законска процедура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЛЕД мониторите кои ги спомнува партискиот директор на СОЗР се набавени во транспарентна процедура на законски начин и остануваат во сопственост на државата. Доколку има било каков сомнеж дека нешто е сторено надвор од законот, го повикуваме СДС да покрене соодветна постапка. Се друго е само гол политички популизам и манипулирање на јавноста од кое што граѓаните немаат никаква полза – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната пресконференција во Владата на Република Македонија, на која директорот на СОЗР Пеце Мирчески објави дека Службата за општи и заеднички работи изминатите две години во име на тогашната набавила два ЛЕД екрани за надворешна употреба за износ од близу еден милион евра.

„Фактите велат дека додека ВМРО ДПМНЕ ја водеше владата имаше финансии и за лед екрани, но и за покачување на плати и пензии. Имаше финансиски средства и за изградба на училишта и градинки и за изградба на стадиони и спортски сали. Имаше финансиски средства и за инвестиции во патната инфраструктура и за инвестиции во енергетиката. Граѓаните немаат никаква полза ако СДС продолжи да бара оправдувања зошто да не реализира нешто, наместо да работи на исполнување на ветувањата“ – се додава во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This