СДС РЕКЕТИРАЛЕ ФИРМИ: Заеви принудуваат фирми да го најмуваат Цацко да снима реклами за нив!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дојде животот во Македонија, дојде животот за пријателите и партиски другари на Заев, но не за сите граѓани, не за домашните за кои премиерот Зоран Заев најавуваше големи повластици, а сега добија рекет од власта. Спореди информациите до кои дојде Журнал, последен пример на рекет е примерот со Љупчо Бубо Каров, познат како Цацко од К-15, еден од најгласните активисти во кампањата на СДСМ пред парламентарните избори, а сега советник на министерот без ресор Роберт Поповски – пренесува порталот Журнал.нет

Самото поставување на Каров на функцијата советник крена голема прашина, граѓаните уште тогаш прашуваа со што тој заслужил да дојде на таа функција и како може да помогне таму.

Последните информации велат дека Заеви принудуваат фирми да го најмуваат Цацко за да снима реклами, сакајќи да ги исполни финансиските барања на својот компањон. Граѓаните коментирааат дека повисоки плати и повеќе пари за нив можеби нема, иако тоа беше гласно ветено од Заев, но сепак се полнат џебовите на неговите соработници.

Инаку, ова не е единствен пример на злоупотреба на моќта која ја имаат сега од позиција на власт Заев и соработници. Веќе граѓаните добро го знаат случајот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и тендерот кој сам си го додели од ЕЛЕМ, купувањето на струмичката фабрика Герас Цунев од кланот Заеви за багателна цена.

Граѓаните се крајно незадовлни од работењето на оваа власт, тие велат дека ветувањата кои ги даваше Зоран Заев, како да ги заборавил, но дека сепак изгледа ги исполнува ветувањата кон своите бизнис партнери и придонесува за свое лично и нивно богатење.

-Ни ветуваше брда и долини, повисоки пензии, повисоки плати, повисоки субвенции, сега се тоа го заборави, срамота е ова што се случува. Единствени кои видоа нешто добро од оваа власт се другарите и бизнис партнерите на Заев, за нив навистина дојде животот во Македонија, нивните џебови секојдневно се полнат, вели еден револтиран граѓанин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This