March 28, 2024, 12:35 pm

СДС СЕ ОДНЕСУВА КАКО ДРЖАВАТА ДА Е НИВНА ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ: Државата и институциите не се ничија приватна сопственост за да може да се однесува некој толку лагодно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во емисијата Алфаскоп на Алфа телевизија, гостин беше поранешниот премиер Емил Димитриев, кој смета дека ВМРО-ДПМНЕ ја нема изгубено довербата во традиционалното гласачко тело, тој кажа дека најтежок пораз на ВМРО-ДПМНЕ беше во 2002, кога изгубиле со 320 илјади гласови, а сега имаат 350 илјади гласови, како што вели тој тоа е традиционалното гласачко тело на ВМРО-ДПМНЕ.

-Треба да се направи дополнителна анализа, каде на кој начин се погреши, зошто не се мотивираше целокупниот потенцијал на партијата да излезе и да ја даде довербата. По тој сегмент јас верувам дека по вториот круг ќе имаме сериозна анализа, ќе се извлечат заклучоци, за да првите наредни избори ги пречекаме многу поподготвени, изјави Димитриев.

Димитриев вели дека меѓудрогото ова кажува дека ова не е некоја голема и еуфорична победа на СДСМ, затоа што можеби дел од луѓето кои давале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ не излегоа на гласање на овие избори и дека не треба да се чувствуаат толку комотно.

-Овие избори ќе бидат интересни за анализи по многу основи, меѓу кои и од аспект на освоени гласови и верувам дека по вториот круг нештата ќе бидат се појасни и појасни, смета Димитриев.

Димитриев вели дека не може да каже кои ќе бидат следните потези на власта, но кажа дека очекува да има разум како кај власта, така и кај опозицијата.

-Државата и институциите не се ничија приватна сопственост за да може да се однесува толку лагодно. Мора да се има во обзир тежината на функциите која што се носи, мора да се биде на тоа ниво кое што го бараат тие институции, изјави Димитриев.

Димитриев напомена дека тие имаат големи идеолошки разлики со актуелното владино мнозинство и да врз тоа ги темелат нивните политики.

-Наше е на време да укажуваме, да се бориме преку институциите, преку механизмите кои што ни се располагање како политичка партија, во Собранието, во јавниот живот во државата, а партиите проверката за своите политики ја добиваат преку изборите. Во периодот кој што е пред нас активно ќе дебатираме по сите тие клучни теми кои што ќе бидат пред Република Македонија, базирајќи се и водејќи се исклучиво од државните и националните интереси на Македонија. Бидејќи Македонија ја гледаме како една граѓанска држава, во која рамноправни се сите граѓани без разлика на својот етникум, вера, политичка определба. Македонија ја гледаме како економски богата земја, интегрирана во НАТО и ЕУ. Тоа се нашите приоритети и верувам дека власта ќе овозможи квалитетна дебата по овие прашања, изјави Димитриев.

Тој кажа дека иако ветуваа инклузивност, вклучување на опозицијата во дебата за важните прашања за државата, власта се уште тоа го немаат исполнето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This