СДС СИ ДОНЕСОА НАВИВАЧИ ВО СОБРАНИЕ: Пратениците изгласаа закон, а во Собранието скандираа и навиваа луѓе на СДС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија денес потенцира дека за време на носењето на законот за стечајците во собраниската сала, во делот предвиден за новинари е донесена “навивачка група“.

-Пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа тој закон. И ако воведувате таква пракаса, добро е при носењето на другите закони тука да ги видиме студентите кои се оштетени, земјоделците кои што нема да добиваат субвенции, да ги видиме вработените во Еврокомпозит кои министрите од Владата ги лажат 5 месеци дека ќе им пуштат плата. Да ги видиме претставниците на МАНУ, на Институтот за македонски јазик, затоа што јас најдобронамерно ја сфатив вашата намера дека треба да биде отворено Собранието, но не за гостите да искажуваат политички ставови, туку да ја слушаат дебатата која што ја водат пратениците. Видовте дека едногласно Законот за стечајци беше донесен.  Ние не ги делиме стечајците на припадници на нашата политичка партија, на ДОМ, на ЛДП или на СДС, за да дојдат овде да ни одржуваат лекција по навивање. Сфатете го ова најдобронамерно, најкоректно, затоа што ако продолжите вака, не знам чија режија е, дали е режија на координаторот на СДСМ, дали на кандидатите за градоначалници. Воведувате лоша пракса. Затоа што на носењето на секој закон горе треба да има 500 луѓе кои ќе скандираат за тој што ги поканил, истакна Стевананџија.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This