СДС ЈА ВОВЕДЕ РАДИОДИФУЗНАТА, НЕМА ДА ЈА УКИНЕ: Панел дискусија за лажните ветувања на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На панел дискусијата Подобри и Различни на која се разговараше за лажните ветувања на СДСМ како ветеното укинување на радиодифузна такса, минимална плата од 16 илјади денари и како јавниот обвинител ќе биде избран по предлог на опозицијата.

 

Според Пратеничката Затуровска владата на СДСМ воошто не го прифатила принципот на отчетност од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше и остваруваше и со својата отчетност реферираше за сработеното. За Затуровска согласно искуствата кои ги имаме од минатото нема доверба дека новата влада ќе ги исполни своите ветувања. Овие популистички мерки таа не верува дека ќе се остварат, бидејќи ако беа доследни до своите ветувања во првите 35 дена ќе се видеа резултатите.

Таа истакна дека законот за радиодифузна такса беше донесен во 2005 година кога СДСМ беше на власт и токму за овој закон гласаше и ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција бидејќи законот беше по препорака на Европската Комисија. Радиодифузната такса во тоа време изнесуваше 2.4 посто од просечната плата во Македонија односно 10 илјади денари, а денес изнесува само 0.9 посто од просечна плата од 22 илјади денари. Во 2005 се плаќање 300 денари за радиодифузна такса денес се плаќаат 190 денари. Затуровска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ дополнително со законон ослободи 39 000 граѓани од социјално ранливи категории од плаќање на радиодифузната такса во тој момент СДСМ ја бојкотираше седницата.

Во сите реномирани национлни телевизии низ европа 66.6 посто од буџетот на телевизијата се добива директно од граѓаните за да се осигура независност на известувањето на медиумот. Токму овој принцип ние го пресликавме во нашиот систем, новата влада нема идеа за алтернатива за финансирање на МРТ и гледа дека тоа не е изводиливо и на тој начин ќе ги изиграат граѓаните кој им го дале гласот за да тие ја укинат радиодифузната такса додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This