СДС ЈА ВРАЌА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕНОВИТЕ КОГА СЕ ЧЕКАА РЕДОВИ СО БОНЧИЊА ВО РАКА: Комунистичката економија на СДСМ во капиталистички свет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и нејзините економски политики отсекогаш биле погубни за македонското стопанство и македонската економија. Во статистиката и макроекономските показатели нема и несмее да има никаква пристрасност па ќе се обидам со сирови статистички податоци да ја објаснам мојата теза.

Комунистичките економски политики во свет каде што владе либерален капитализам се и ќе бидат погубни за државната економија и државата која ги спроведува. Дури и ДР Кина иако нејзиното политичко уредување остана не променето нејзините економски политики ги промени за 180 степени. Токму тоа доведе раст на кинеската економија и прераснување на Кина во светска економска веле сила.

Непишано правило во Македонија е со даоаѓањето на СДСМ на власт сите макроекономски показатели да одат во надолен тренд. Криминалната приватизација остави 200 илјади луѓе на улица и без работа и дотогаш ја остави Македонија со најголема стапка на невработеност во нејзината историја. Во 1996 година Македонија има катастрофална стапка на невработеност од 36 проценти. Невработеноста во Македонија почнува да се намалува во далечната 1998 година со доаѓањето на власт на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Кон крајот на 2001 година невработеноста во државата сеуште се наоѓа на високи 31 процент.

Од фамозниот 15 септември кога власта во Македонија ја превзема СДСМ невработеноста повторно зазема замав во државата и во 2005 година е највисоко историско ниво од 37.4 проценти интересно во тие моменти просечната плата во Македонија изнесува 12 илјади денари.

Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година со огромен прилив на странски инвеститори, подобрување на бизнис климата преку воведување на рамен данок најнизок во Европа од 10 проценти до крајот на 2017 невработеноста во Македонија е намалена за 14.8 проценти на 22.6 проценти.

Застрашувачки е фактот што СДСМ со своите катастрофални економски политики повторно ја движи македонската економија кон пропаст. Сите макроекономски показатели се во надолен тренд. Индустриското производство во Македонија е намалено за 12 проценти, просечната плата е намалена за 0.7 проценти извозот е намален за 2.2 проценти и пад на БДП од 1.8 проценти.

Граѓаните со причина се прашуваат зошто? Што се промени во само 100 дена до тој степен да целата економија тргне во надолна линија?

Ќе бидам краток и концизен со мое видување и неколку клучни точки кои доведоа до пад во економијата и ќе доведат до потенцијална рецесија која Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја спречи во 2009 година кога беше големата светска економска криза и во последните неколку години од нејзиното владеење кога владееше во услови на голема политичка криза.

Едноставна е СДСМ ги прекрати капиталните инвестиции , за 100 дена потроши 400 милиони евра без ниту една инвестиција во капитален проект. Друг многу важен фактор се најавите за покачување на даноците и зголемувањето на придонесите со што најавија влошување на бизнис климата во Македонија. Овие најави избрка над 60 странски инвеститори спремни да отворат над 25 илјади нови работни места во Македонија.

Просечната плата во Македонија за 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ се зголеми за 10 илјади денари односно од 12 илади денари на 22 илјади и 600 денари. Единствена причина за ова зголемување беше намалувањето на невработеноста во државата. Како и се друго во економијата и платата е под влијание на основните економски принципи на понуда и побарувачка. Односно како што се намалува невработеноста и понудата на работници така се зголемува плата која компаниите се спремни да ја дадат за добијат еден работник. Со субвенционирање на минималната плата нема да се зголеми животниот стандард во Македонија, нема да се подобри економската ситуација во државата ниту ќе се намали невработеноста. Единствено решение за спречување на во овие моменти неизбежната економска рецесија е отворање на нови работни места инвестирање во капитални проекти поточно сите оние работи кои ги правеше ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години на власт.

Пишува
Милош Милошовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This