СДС ЈА ТУРКА МАКЕДОНИЈА КОН СУДИР СО РУСИЈА: Шеќеринска ги става Македонските граѓани како жив ѕид во судирот помеѓу САД и Руската Федерација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марионетската влада на Зоран Заев, која беше насилно поставена на власт по силното и брутално вмешување во внатрешните работи на државата од страна на претставници на Западните „демократии“ на чело со амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, упорно се обидува да ја втурне Македонија во отворен конфликт со Руската Федерација, и тоа во корист на НАТО

 

Иако Македонија низ историјата никогаш немала отворени прашања и проблеми со Руската Федерација, Радмила Шеќеринска како дел од новата марионетска влада поставена насилно со бруталното мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на западните „демократии“, упорно се обидува да ја втурне државата во конфликт со Руската Федерација, користејќи го Македонскиот народ како топовско месо во битката помеѓу двете светски суперсили САД и Русија.

Денес, во скандалозна изјава за американски „Блумберг“ Шеќеринска изјавила дека „членството на Македонија во НАТО ја запира Русија“. Со ова, министерката за одбрана практично ја стави Македонија на првата „линија на огнот“ во битката помеѓу титаните.

И професорката Билјана Ванковска изрази сериозна загриженост од ваквата тенденција на владата на СДС, која од ништо прави конфликт со најмоќната земја во светот.

Претходно, на самитот на Јадранската повелба, со цел што побрз влез на Македонија во НАТО и покрај негативниот став на мнозинството Маекдонски граѓани, Зоран Заев во разговор во четири очи со потпретседателот на САД Мајкл Пенс договорил и промена на името.

Како што објави српската редакција на Спутник, Зоран Заев на Пенс му презентирал план и стратегија за промена на Уставното име на Р.Македонија, но и побарал помош за спроведување на референдум кој би требало да биде во корист на овој договор. Заев предочил и дека се плаши дека ваквото прашање ќе предизвика судир во државата, па побарал САД директно да се вклучат во процесот на менување на името, и наспроти волјата на граѓаните Македонија да стане членка на НАТО.

Реагираа и од Руската Амбасада во Македонија, од каде напишаа дека се изненадени и разочарани од ваквата хушкачка реторика на Шеќеринска.

26 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This