СДС ЈА УРИВА ЕКОНОМИЈАТА НА ДРЖАВАТА: Економијата оди во надолна линија со галопирачко темпо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на премиерот Зоран Заев наведува дека „премиерот и Владата со катастрофалната и расипничка политика во изминатиот период ја повлекле економијата во надолна линија“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ  со галопирачко темпо ја урива економијата во државата и поради непродуктивните трошења и енормните задожувања ја  довеле државата  пред банкрот.

-Во изминатите три месеци, наместо ветуваните пет проценти покачување на пензиите, СДСМ  повторно по којзнае кој пат  ги прелага пензионерите и пензиите  им ги покачи за скромни 180 денари.Лошите економски политики на СДС и Заев, допринесоа во Република Македонија прв пат после многу години имаме пад на индустриското производство за 2,2% и пад на просечните плати за 0,7%. СДС и Заев, ветуваа повеќе пари за граѓаните и компаниите пред изборите, но сега наместо намалување на  трошоците, најавуваат драстично покачување на даноците, стои во реакцијата.

Се додава дека во Македонија првпат од 2006 година има 100  милиони евра помалку странски инвестиции во јули годинава, за разлика од истиот  период  лани.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This