March 28, 2024, 11:00 pm

СДС ЌЕ ГИ ГУБИ ИЗБОРИТЕ, ПА ГО АКТИВИРА СЈО: Се врши притисок на членовите на ДИК и судиите од Управниот суд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС е во очај и знае дека ќе ги загуби изборите. Затоа им треба поддршката од СЈО. Затоа им треба притисок и кон членовите на Државната изборна комисија и кон судиите од Управниот суд кои би одлучувале по жaлбите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СЈО е во служба на Заев и СДС, а не на законот и правдата. Целиов период наназад СЈО конструираше неиздржани политички обвиненија по нарачка на Заев. СЈО требаше со конструкциите да покаже дека сите се исти во политиката. СЈО го ослободи од кривичен прогон и Заев и Верушевски од една страна, а од друга се обиде со монтираните случаи да го релативизира срамното барањето на поткуп од „едно евро за Вицето“. Во тоа не успеа. Затоа сега гонат судии за донесена пресуда и вршат притисоци за повлекување на судскиот имунитет. За жал на притисоците подлегна и Судскиот Совет, правејќи невиден правен преседан. Народот ги гледа антидржавните политики на СДС и Заев и знае дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената алтернатива. Преку обвинението против пет судии за донесена пресуда, треба да ги изолираат нив, но и да ги заплашат останатите судии од Управниот суд дека Катица Јанева и Заев се семоќни. Однесувањето на обвинителите во СЈО е незаконско и со секојдневното нивно постапување прават кривични дела. Власта на Заев нема да трае вечно. Со неговото заминување, ќе се врати правната држава, а секој индивидуално ќе одговара за незаконските постапни без разлика дали тоа го правел под притисок, истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This