СДС ЌЕ ГИ ЗАКОПА ГРАЃАНИТЕ ВО ЃУБРЕ ДО ГУША: Парламентарното мнозинство е одговорно за апсурдната ситуација и треба да распише локални избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламентарното мнозинство составено до албанските партии и СДС како придружна партија, се единствените одговорни за ситуацијата која од утре ќе ја блокира работата на локалната самоуправа, а со тоа ќе бидат блокирани и сите комунални и административни сервиси на општините

polni_kontejneri

На 15-ти мај завршува мандатот на градоначалниците и советите на општините, со што престанува и дејствувањето на локалната самоуправа. Ова ќе предизвика застој во сите комунални и административни услуги од витално значење за граѓаните, што би значело прекин на работата на комуналните претпријатија за одржување на хигиената, транспортните претпријатија како ЈСП во Скопје, сите административни услуги од издавање на градежни дозволи до дозвола за продажба на недвижности, но и блокада на подрачните оделенија на матичните служби што би значело дека од утре нема да има можност ниту за склучување на бракови или впишување во книга на починати лица.

Ваквата апсурдна ситуација е предизвикана од стравот на СДС но и на парламентарното мнозинство формирано од албанските партии во кои СДС е само декор. Истата оваа ситуација, СДС ја условува со формирање на Влада, без добиен мандат, по рецептот на кој беше „избран“ и Командант Форина за собраниски спикер.

sobranie_sputnik

Како што денес соопштија од победничката партија ВМРО-ДПМНЕ, формирањето на Влада нема никаква врска со организирањето на локални избори.

-Ниту Никола Груевски е виновен, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ има било каква вина со стравот на Зоран Заев да ја отфрли Тиранската платформа и да се обврзе дека нема да ги реализира нејзините елементи на штета на Република Македонија. Одржувањето на локалните избори нема никаква врска со формирањето на Влада. Мандатите на градоначалниците и советите на општините треба да се продолжат во понеделник, но исто така и треба да се донесе најбрз можен датум за одржување на локалните избори, стои во реакцијата.

Оттаму додаваат дека ова е само уште едно сценарио со цел СДС да направи подобар пазар со ДУИ, имајќи во предвид дека албанската партија има 14 градоначалници, а СДС само 3.

ВМРО-ДПМНЕ побара итно распишување на локални избори од парламентарното мнозинство и за истото предложија три датуми. Антонио Милошоски од оваа партија изјави дека за нив прифатливи би биле 2 јули, 14 септември и 15 октомври.

Во текот на утрешниот ден ќе се одржи координација на пратеничките групи, на која целата одговорност за тоа дали граѓаните ќе се дават во ѓубре или ќе имаат избори паѓа врз товар на СДС и албанските партии.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This