СДСM ДА ОДГОВОРИ: Која е цената што треба да се плати за Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со процедурални забелешки, реплики и контрареплики продолжи конститутивната собраниска седница за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

sdsm-sobranie-tufegdzic

ВМРО-ДПМНЕ повторно укажа дека народот не му верува на СДСМ и сака да слушне што прифатил од платформата на албанските партии, а СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со постојаните меѓусебни реплики намерно го блокира Собранието.

– Дали и која е цената што треба да се плати за Македонија и дали татковината воопшто има цена. Народот надвор, револтиран и загрижен, на протести за заедничка Македонија бара одговор, не е дојден ни партиски, ни етнички – рекоа Сашо Василевски и Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милева Горгиева од СДСМ апелира ВМРО-ДПМНЕ да се соочи со фактот дека веќе не е власт, туку опозиција.

– Треба поскоро да се формира новата влада и да се реализира нејзината програма. Но вие немате слух за тоа, ниту за граѓаните и за нивните потреби, ја спречувате работата на Собранието, не дозволувате да се донесуваат закони.

Реплицираше Илиоски со став дека некој, како што рече, треба да се соочи со фактот дека ги загубил изборите.

– За да владее правото треба да почнете од сопстевниот двор зашто Заев не се појавува на судските рочишта за „Поткуп“, а кој е предавник, ќе суди народот. Но, да се почитува неговата изборна желба. Комисијата да го има тоа на ум кога ќе ги предлага телата на Собранието и неговиот претседател – додаде Илиоски.

Зошто некој се обидува да ја изигра волјата на граѓаните, се надоврза Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ, поставувајќи го како дилема и прашањето дали Македонија со политиката на СДСМ ќе ја задржи унитарноста.

Катерина Кузмановска од СДСМ изрази жалење што овој пратенички мандат почна во, како што оцени, крајно недемократска атмосфера која не доликува на мултикултурно и мултиетничко општество.

– Изминатите пет дена сме сведоци на грубо кршење на собранискиот Деловник. Згазивте врз достоинството на Законодавниот дом, парламентарното мнозинство и граѓаните – обвини Кузмановска.

И нејзината сопартијка Тања Ковачев изнесе сличен став.

– Пет дена дебатирате, а никој од вас не кажа ништо во врска со дневниот ред. Пет дена го кршите Деловникот, а со тоа и Уставот – потенцира Ковачев и предложи да се изгласа Комисијата за избори и именувања и Собранието да продолжи со работа.

Реплицираше Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ бара одговори на тоа што СДСМ се обидува кукавички да го подметне во Собранието, за химната, јазикот, знамето…

Хари Локвенец потсети на понудата за ТВ-дуел што Заев му ја понуди на Груевски со која, рече, би се расчистиле сите дилеми.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беспоговорно ја следат партиската директива за лаги и манипулации, место да овозможат формирање нова влада. Со реплики и контрареплики се обидуваат да ја замајуваат јавноста – додаде Александар Кирацовски.

Оценувајќи дека откога почна со работа, изминативе пет дена, Собранието е циркус, Васко Ковачевски рече дека се зборува сѐ, само не за точката на денвниот ред, како што предвидува Деловникот. – На говорницата се збори за некакви црни сценарија, наводни поделби на државата, а вие не ги прекинувате – му забележи Ковачевски на претседавачот Трајко Вељаноски.

Бранко Маноиловски од ДУИ, кој првпат се јави за збор, побара пратениците да ги остават партиските интереси настрана и сите, заеднички, да работат за доброто на Македонија.

– Забележав голема нервоза меѓу сите вас, но да ги тргнеме интересите и несфаќањата, да бидеме едно. Би сакал да бидам вид мост меѓу Албанците и Македонците зашто сум Албанец, но македонизиран – посочи Маниловски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This