СЕБАСТИЈАН КУРЦ ЗАГРИЖЕН ПОРАДИ ПОСТАПКИТЕ НА САД: Непредвидливи американски политики ги загрозуваат австриските и економски интереси на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изрази загриженост поради “непредвидливите” политики на САД кои ги загрозуваат економските интереси на неговата земја и Европа.

“Ние сме сведоци не само на многу непредвидлива политика на САД, туку и политика што ги загрозува економски интереси во Австрија и Европа”, објави Курц на неговата страница на Твитер.

Курц истакна дека Австрија е во голема мера ангажирана во извозот, затоа Виена, како и Европа, имаат потреба од избалансиран пазар и отсуство на трговски бариери.

“Австрија и Европа имаат потреба од регулиран извоз, отсуство на нови трговски бариери и, очигледно, почитување на иранскиот нуклеарен договор”, додаде Курц.

На крајот на март, САД наметнаа тарифи од 25 проценти и 10 проценти за увезениот челик и алуминиум, односно доделување на привремено ослободување од тарифите до 1 јуни на голем број држави, вклучувајќи ги и земјите од Европската унија.

Дополнително, претходно во мај американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата земја ќе ја напушти нуклеарната спогодба од 2015 година, формално позната како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), и ќе ги врати претходно укинатите санкции за Иран.

Другите потписници на JCPOA ја критикуваа одлуката на Трамп за еднострано повлекување од договорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This